Врз основа на чл. 108, 109 и 110 од Законот за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 35/08, 103/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10, 17/11, 51/11, 15/13 и 24/13),  Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје објавува

К О Н К У Р С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И ТРАНСФЕР НА СТУДЕНТИ НА СТУДИИ ОД ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС ЗА АКАДЕМСКАТА 2016/2017 ГОДИНА

СТУДИИ ОД ПРВ ЦИКЛУС (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ):

Пријавен лист за додипломски студии за учебната 2016/2017

Во академската 2016/2017 година на Универзитетот „Евро-Балкан“ Скопје на прв циклус студии ќе се запишат вкупно 200 студенти на следните факултети, односно студиски програми:

Факултет Школарина

Факултет за студии на Југоисточна Европа

800 евра/год. за плаќање на една рата          

 

1000 евра/год. за плаќање на две рати

 

За одлични студенти попуст од 10 %

Факултет за студии на културата

Факултет за социјална антропологија

Висока стручна школа за финансии и банкарство

Висока стручна школа за моден дизајн

Наставата по сите студиски програми ќе се одвива на македонски јазик, а Студиите на Југоисточна Европа како и Студиите на културата ќе бидат реализирани и на наставен англиски јазик.

Услови за запишување:

Право на запишување на прв циклус студии на факултетите и високата стручна школа имаат кандидатите: со завршено четиригодишно средно образование (кандидати со завршена државна матура или кандидати кои завршиле во претходните години пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, односно училишна матура) во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука; со положена училишна матура или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование; со завршено високо или вишо образование на сродни факултети или виши школи; со завршено средно образование во странство; со завршено средно образование на странски јазик во РМ и кои полагале меѓународни испити како замена за матура.

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите.

Основен критериум за селекција на кандидатите за запишување на додипломски студии е успехот постигнат во средното образование. Рангирањето на кандидатите го врши конкурсна комисија формирана од Ректорската управа.

Потребни документи:

- Пријава (може да ја преземете од www.euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот)
- Две фотографии;

- Диплома за завршено средно образование и оригинални свидетелства од сите класови

- Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ)

- Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани;
- Добиени сертификати, дипломи, пофалби и сл.

- Доставено уверение и предметна програма за положените испити (за трансфер на студенти други  универзитети)

Државјаните на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странските државјани треба да извршат нострификација на документите во Министерството за образование и наука на РМ.

Странските државјани при упис поднесуваат и: Сертификат за познавање на македонски јазик А1 и А2 или потврда за уплатени средства за посетување подготвителна настава по македонски јазик како странски (не е потребно доколку се запишат на студии со англиски наставен јазик); лекарско уверение за психофизичка состојба, издадена од лекар специјалист (не постаро од 6 месеци);

СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС (ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ):

Пријавен лист за последипломски студии за учебната 2016/2017

Во академската 2016/2017 година на Универзитетот „Евро-Балкан“ Скопје на втор циклус студии ќе се запишат вкупно 215 студенти на следните институти, односно студиски програми:

Институт за општествени и хуманистички истражувања

3+2/4+1

 Школарина

- Студии на ЈИЕ (политички студии)

Да/Да

 

 

 

 

1000 евра/годишно за плаќање на една рата

 

1200 евра/годишно за плаќање на две рати

1500 евра/годишно за плаќање на три рати

 

- Студии на културата

Не/Да

- Родови студии

Не/Да

- Византолошки студии

Не/Да

- Студии по културна антропологија и археологија


Да/Да

- Правни науки - правосудство*

Не/Да

Институт за дигитална форензика

 

- Студии по информатика - насока дигитална форензика

Да/Да

- Студии по информатика - насока е-банкарство

Да/Не

- Студии по информатика - насока компјутерски мрежи, комуникации и софтверско инженерство

Да/Да

- Студии по информатика-насока архитектура, дизајн и современи информатички комуникациски техмологии

Не/Да

Наставата по сите студиски програми ќе се одвива на македонски јазик, а Студиите на Југоисточна Европа, Студиите на културата, Византолошките студии и Родовите студии ќе бидат реализирани и на наставен англиски јазик.

Услови за запишување:

Право на запишување на студии од втор циклус имаат кандидати (државјани на РМ и странски државјани) што ги исполнуваат следните услови:

- Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од четири години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство и освоени 240 ЕКТС;

- Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од три години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство и освоени 180 ЕКТС;

- Да го познаваат англискиот јазик, за што приложуваат соодветна потврда.

Трансферот на студенти од други домашни или странски универзитети се врши врз основа на доставено уверение и предметна програма за положените испити.

Потребни документи:

- Две слики и пријава (може да ја преземете од www. euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот)

- Диплома за завршени студии од прв циклус со стекнати 180 односно 240 ЕКТС;

- Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ)

- Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани;

- Потврда за познавање на англиски јазик.

Државјаните на РМ кои студии од прв циклус завршиле во странство, како и странските државјани, треба да извршат нострификација на документите за стекнатото образование во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

 

I УПИСЕН РОК

II УПИСЕН РОК

III УПИСЕН РОК

Пријавување на кандидатите

15.06.2016-01.07.2016

15.08.2016-26.08.2016

01.09.2016-14.09.2016

Објавување прелиминарна листа

05 јули

29 август

25 септември

Објавување решение за прием на кандидатите

07 јули

1 септември

28 септември

Запишување на кандидатите

11-13 јули

8-10 септември

29-30 септември

Документите може да се поднесат лично или по редовна пошта.
За дополнителни информации, www.euba.edu.mk , contact@euba.edu.mk, poslediplomski@euba.edu.mk или на телефон (02) 3075570 

Copyright © 2010 EvroBalkan