Локални соработки:
-    Редовни состаноци на Програмскиот одбор
-    Пресс конференција (06.03.2013)
-    Избор на  Dance Board
-    Редовни состаноци на Dance Board
-    Програма за светскиот ден на театарот 27 Март (Пораката на македонски јазик за 2013, ја напиша актерката Мими Таневска)
-    Работилница за изведбени уметности со Наум Пановски (01-04.04.2013)
-    Програма за светскиот ден на танцот 29 Април
-    Изработка на Пер Форми, Бр.1/2013 – стручен магазин за изведбени уметности
-    Меѓународна конференција, Верди и Вагнер, носител: Кристина Пешева Диновска, партнер: МОБ /Дејан Прошев
-    Кратки работилници за изведбени уметности во соработка со Импакт – меѓународен фестивал за изведбени уметности , Велес
-    Подготвување на годишната програма за 2014 година
-    Спроведување на институционални и индивидуални членувања во Македонскиот Центар на ИТИ
Меѓународни соработки:
-    Соработка со International Theatre Institute, Paris, македонската актерка Ирена Ристиќ, ја чита пораката на Дарио Фо за светскиот ден на театарот 27 Март, 2013, на македонски јазик. Превод на пораката, од англиски јазик: Александра Бошковска. Режисер на видеото: Ана Јакимска.
-    Соработка на проектот: Digital Theatre Words International проект на ОISTAT Европа, со изработка на македонскиот превод и интерпретација на стручниот дигитален речник за сценски уметности. Носител на проектот: Jerome Maeckelbergh (Белгија). Координатор за Македонија: Иванка Апостолова
-    Соработка на проектот: ITI Worldwide festival calendar на International Festival Forum, во светскиот календар на меѓународни фестивали на изведбените уметности, ИТИ Македонскиот Центар ги предложи и внесува следниве македонски меѓународни фестивали: Охридско лето, Мајски оперски вечери, Танц-Фест,  МОТ,  Локомоушн, Фрик фестивал, Импакт фестивал, Скупи фестивал, Балкан стенд ап, Лица без маски, Панфиз, Актерот на Европа, Албански театар во Македонија, Фестивал на античка драма Стоби, Фестивал на монодрама Битола, Денови на комедијата-Куманово, СКОМРАХИ, Фестивал на камерен театар Ристо Шишков.    
-    Соработка на проектот: The World of Theatre на ITI Unesco, Paris, есеистичката студија за 2013, за новиот број на ова стручно списание на ИТИ Париз, ја изработува Д-р Иванка Апостолова.  
-    Соработка на проектот: ITI World Performing Academy на ITI Unesco, Paris, Македонскиот ИТИ Центар препорачува и подготвува листа на македонски ментори / носители / изведувачи на работилници (режисери, актери, оперски пеачи, театарски музичари, кореографи  ...) кои ќе бидат предложени и вклучени во Светската академија на изведбени уметности.
-    Македонскиот ИТИ Центар препорачува свои претставници за активно вклучување во меѓународните форуми, одбори и групи на ИТИ Париз, Унеско.

Copyright © 2010 EvroBalkan