Курсот предвидува базично запознавање на слушателите со археологијата и нејзините методи, при што ќе се обработат сите археолошки периоди во Македонија, како и позначајните артефакти и локалитети откриени на ова поднебје. 
Во рамки на курсот ќе бидат вклучени посети на археолошки локалитети (претежно во скопскиот регион), со што слушателите ќе имаат можност да се вклучат во процесот на откривање локалитети и нивно документирање. 
Во договор со некоја од одговорните институции, слушателите ќе бидат инволвирани во кратко истражување на локалитет, ископуван во периодот на траење на курсот. 
Во завршната фаза од курсот слушателите ќе пишуваат есеи и подготват презентации како сумирање на стекнатите сознанија. Овие есеи и презентации ќе бидат објавени во одредени списанија или веб портали со што ќе се заокружи практичниот удел на нивната посета на наставата.
По успешно завршување на курсот, слушателите ќе добијат Сертификат за завршен курс.
Програмата е изработена од М-р Гоце Наумов и М-р Александра Папазовска Санев, соработници во Универзитет „Евро-Балкан“.

Траење на курсот: 64 часа x 45 минути
Цената на курсот е 22.400 денари. (можност за плаќање на 4 рати)

За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113.

- Програмата за курсот по археологија на Македонија може да ја превземете овде
- Апликација за пријавување на курсот можете да преземете овде Апликација за пријавување  и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan