Колку траат студиите и како се структуирани ?  

На Институтот се понудени следните модели на студирање:

  • Модел 1: 3+2 (последипломските студии траат 2 години, односно 4 семестри)
  • Модел 2: 4+1(последипломските студии траат 1 година, односно 2 семестри)

Планот на работа е претставен преку модули и тоа задолжителен методолошки модул, задолжителен теориски модул и  изборни модули, со можност студентите да креираат сопствен магистерски пакет.

Бројот на потребните кредити за завршување на студиите е најмалку 60 (за моделот 4+1) односно 120  (за моделот 3+2). Одделно прикажано, тоа изгледа вака:

-  Задолжителен теориски модул (14 кредити односно 24 кредити);

-  Задолжителен методолошки модул (16 кредити за двата модела на студирање);

-  Изборни модули (20 кредити односно 60 кредити);

-  Магистерски труд (10 кредити односно 20 кредити).

Кредитите ги изразуваат потребните работни часови кои студентот ги вложува во совладување на модулот. Кредитите се доделуваат врз основа на: присуството на предавањата, извршените консултации, успешно реализираните вежби, успешно реализираната практична работа, писмените изработки (семинарска работа, есеј, анализа на текст), теренска работа, самостој­на/домашна работа, учење во библиотека, менторство, изработени и реализирани проекти. Бројот на работни часови на студентот за еден кредит изнесува 25 часа.

Copyright © 2010 EvroBalkan