Ефикасно соочување на трансформациите и предизвиците кои вклучуваат Дизајн на ентериер, како и сродните дисциплини Архитектура, Дизајн на светло, па се до Индустриски дизајн и Дизајн на мебел. Курсот е изработен од Универзитет „Евро-Балкан“ во соработка со истакнати професионалци, со цел слушателите да развијат оперативни и конкретни сознанија во полето на Дизајн на ентериер и да станат квалификувани дизајнери, способни да уредуваат и оплеменуваат простории од различна функција.

Теоретскиот дел од наставата се спроведува во просториите на Универзитет „Евро-Балкан“, каде во комплетно опремена предавална слушателите ќе бидат запознаени со основните поими од архитектурата и внатрешното уредување. Практичниот дел од наставата ќе биде спроведен преку реални проекти, каде што слушателите ќе се запознаат со сите етапи на опремувањето на простории. Во библиотеката на Универзитетот е обезбедена стручна литература од сферата на архитектурата и внатрешното уредување.
Услов за запишување на образовната програма Дизајн на ентериер е завршено најмалку средно образование и базични познавања на компјутерски јазици.

Курсот трае 64 часа x 45 минути
Цена на курсот: 22.400 ден (со можност за плаќање на 4 рати)

За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113


- Програмата за курсот по Дизајн на ентериер можете да ја превземете овде - Наставна програма

- Апликацијата за пријавување на курсот можете да ја превземете овде - Апликација за пријавување и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan