Образовната програма Економијата во практика е составена од 3 модули (курсеви), кои може да се посетуваат заедно или одделно:

1. Бизнис, раст и развој
2. Менаџмент и маркетинг
3. Финансии и сметководствена анализа.

Наставата има за цел да му овозможи на слушателот запознавање со следните содржини:
- Кариерен развој и можности за напредување на работното место;
- Основи на претприемништвото и формирање на мал бизнис;
- Методи на организирање и подобрување на раководењето во бизнисот;
- Маркетинг техники за унапредување на продажбата;
- Евалуација на инвестиционите одлуки и вложувања;
- Основи на финансиска анализа и финансиски менаџмент;
- Мерење на перформансите на работењето, сметководство и ревизија.

Програмските содржини ќе се реализираат преку стручно-теоретска настава, која ќе биде изведена од докажани професори од областа на економијата, финансиите, маркетингот и менаџментот. Составен дел на наставата се и индивидуални активности на слушателите во вид на домашни работи и проекти. Наставата се изведува така што обучувачот прво ги објаснува стручно-теоретските теми и врши соодветна елаборација преку модели и квантитативни методи. Потоа, слушателите се обидуваат самостојно да ги изведат главните активности. Дополнително, слушателите добиваат и домашни задачи и проекти кои исто така треба да ги изработат самостојно и предадат на оценување. По завршувањето на наставата, слушателите полагаат завршен испит на стекнати знаења и вештини.

По совладувањето на образовната програма Економијата во практика слушателот, може да изработи бизнис план и да отпочне со сопствен бизнис, може да го унапреди менаџирањето на фирмата во која работи, да се стекне со потребните знаења и вештини при реализација на маркетинг активности, да знае како се одвива инвестициониот циклус, да ги осознае начините на финансирање на бизнисот, можностите и заканите кои постојат на пазарот во современи услови, да се справува со конкуренцијата и да го одржи растот на фирмата. Исто така, слушателот ќе се запознае и ќе ги совлада основите на сметководственото евидентирање и начините на управување со финансиите, со едновремено користење на напредните финансиски инструменти.

По успешно завршување на курсот (курсевите), слушателите ќе добијат Сертификат за завршен курс.

Секој курс трае 30 часа x 45 минути.
Цената на секој курс одделно е 10.500 денари.

Образовната програма со трите модула заедно трае 90 часа x 45 минути.
Цената за целата образовна програма е 31.500 денари.

Можна е и било која комбинација од 2 курса, времетраење 60 часа x 45 минути.
Цена за комбинација од 2 курса е 21.000 денари.

За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113.

- Програмата за курсевите Економија во пракса може да ја превземете овде
- Апликација за пријавување на курсевите можете да преземете овде Апликација за пријавување и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan