Македонскиот ИТИ центар е реформиран во Декември  2012 година, во рамките на Универзитетот Евро Балкан.  По шестгодишен период на пасивно не/делување на стариот Македонски Центар, ИТИ од Париз го затвори стариот Национален Центар и го одобри отворањето на новиот Национален Центар во Македонија, кој интегрирано функционира во рамките на Институтот за општествени и хуманистички истражувања, и во севкупната едукативна мисија на Универзитетот Евро Балкан. 
Македонскиот ИТИ Центар/Универзитет Евро Балкан, партнерски е вмрежен со 100 национални ИТИ центри низ светот, со 22 придружни меѓународни организации на ИТИ Унеско, и со престижната европска агенција за драмски автори Verlag der Autoren од Берлин. Со овие партнери македонскиот ИТИ Центар редовно ќе иницира и изведува уметнички маѓународни соработки, размени, препораки и промовирања на македонските современи уметници, групи и достигнувања во изведбените уметности.    
Мисијата и целта на Македонскиот ИТИ Центар/Универзитет Евро Балкан е спроведување на транспарентно, инклузивно, квалитетно и сеопфатно, меѓународно промовирање на македонската современата сцена на изведбени уметности. Промоцијата се изведува пред се` во лојална и редовна соработка со локалната мрежа на македонските талентирани/професионални индивидуи (студенти и професионалци) од сите генерации и професии во доменот на изведбените уметности; со македонските театри, уметничките академии, македонските меѓународни и локални фестивали, институции / организаци од  јавниот и независен сектор, кои ги споделуваат препотребните информации и искуства за нивните тековни програми и резултати. Тоа е непходен материјал за нивна  понатамошна стручна и креативна обработка, за меѓународно етаблирање на современиот македонски театарски капацитет и свежа енергија.    
Македонскиот ИТИ Центар/Универзитет Евро Балкан е органски медиум / посредник помеѓу светските трендови, театарски случувања, изведбени енергии и локалните потреби и уметнички превирања во македонската драма, опера, танц и перформанс.  
Македонскиот ИТИ Центар/Универзитетот Евро Балкан, соработува со сите институции и организации во Македонија, посветени на изведбените уметности. 
Во програмскиот и танцовиот одбор на ИТИ-Македонскиот Центар/Универзитет Евро Балкан, покрај вмрежувањето и институционалното членување, Центарот ги повикува, активно да се вклучат и структурно да продонесат во соработките, некои од програмските раководители и менаџери на македонските театри, уметничките академии, фестивали, и др.

Copyright © 2010 EvroBalkan