Како е организирана наставата?  

Наставата на магистерските студии се одвива преку предавања (мастер часови) или менторски систем. Принципот за избор на начинот на спроведување на наставата зависи од бројот на пријавените студенти, и тоа:

  • Мастер часови (најмалку од 5 студенти) - Комплексен час, може да го водат повеќе професори, користејќи различни пристапи. Долга и интензивна интерактивна наставна работа која бара исчитување на клучни текстови и која ги интегрира теоретскиот и практичниот дел (во методолошкиот модул ќе се вежбаат и конкретни вештини).
  • Менторски систем (помалку од 5 студенти) - задолжителни консултации со професорот, односно менторот на модулот

Предавањата се конципирани во интерактивен стил, преку поттикнување на критичкото мислење и активната улога на студентот во текот на наставата. Особена важност во наставата ќе има примената на визуелните нагледни средства (телевизиски содржини, фотографии, инсерти од филмови, презентации, со цел студентите да се обучат за репрезентациска анализа на содржините).

Copyright © 2010 EvroBalkan