Кој е начинот на оценување?
Оценувањето на студентите во рамките на предметната програма се остварува според следниов критериум:
1.Редовни активности, што подразбира активност на настава, учество на групни дискусии и други форми на интерактивност, учествува во вкупната оценка со најмногу 20%, односно се вреднува со најмногу 20 бода.
1.1 Присуство на настава = до 10 бода
- од 51% до 60% присуство на настава = 2 бода
- од 61% до 70% присуство на настава = 4 бода
- од 71% до 80% присуство на настава = 6 бода
- од 81% до 90% присуство на настава = 8 бода
- од 91% до 100% присуство на настава = 10 бода
1.2 Учество на групни дискусии = 10 бода:
- од 51% до 60% присуство на групни дискусии = 2 бода
- од 61% до 70% присуство на настава = 4 бода
- од 71% до 80% присуство на настава = 6 бода
- од 81% до 90% присуство на настава = 8 бода
- од 91% до 100% присуство на настава = 10 бода
Завршниот испит за определена предметна програма се изведува преку полагање на две испитни колоквиумски презентации на студентот. Двете презентации се задолжителни и учествуваат во вкупната оценка со 40%, односно се вреднуваат со најмногу 40 бода. Една презентација носи најмногу 20 бода. (за подетална информација за завршниот испит погледнете во Упатството за студирање)