Програмата на ИТИ-Македонскиот Центар/Универзитет Евро Балкан е посветена на меѓународното промовирање на севкупната современа македонска сцена, преку организирање и изведба на меѓународни едукативни и стручни конференции, работилници, летни школи, панел дискусии; учество на меѓународни едукативни и промотивни фестивалски програми, конгреси, симпозиуми низ светот; издавање на двојазично стручно електронско списание,  издавање на уметнички и стручни изданија (драмски/театролошки/кореографски/оперни ...) и повеќе јазични преводи од областа на изведбените уметности. Центарот изведува, изработува и спроведува национални дата бази за меѓународна употреба, каталози за меѓународна соработка, размена за/на едукативни програми, размена со светски агенции за професионални меѓународни ангажмани, фестивалски препораки за исклучителни професионалци од областа на изведбените уметности и др. форми на стратешка, систематска и наменска промоција. Посебно внимание ќе им се посвети и на помладите генерации на уметници од областа на изведбените уметности.    
Публикациите на ИТИ-Македонскиот Центар ќе се фокусираат на современите текови и превирања на/во светската и локалната  драмската уметност, операта, танцот и перформансот; Кон експерименталниот, еклектичниот и конвенционалниот режисерски пристап, современите достигнувања во сценографијата, костимографијата, светло / звучниот дизајн во изведбените уметности; кон истражувањата на сите можни интерсекции помеѓу театарот и филмот, театарот и новите медии; кон сите општествени / културолошки, родови, антрополошки и политички феномени, преточени во структурите на уметноста.     
Проектите на Македонскиот ИТИ Центар, се од едукативен карактер и ги покриваат локалните дефицитарни тематики и проблематики. Проектите се од локален, регионален и меѓународен карактер, партнерски иницирани и реализирани. Станува збор за комбинирана структура од стручни работилници, конференции, панел дискусии, академски семинари, предавања, конгреси, симпозиуми и колективни меѓународни истражувачки проекти.

Copyright © 2010 EvroBalkan