Во овој специјализиран курс ќе се запознаете со различните видови на материјали за изработка на накит – стакло (монистра, стаклени и третирани со пламен монистри, кристали), полускапоцени камења, бисер, корал,  метал (бакар, месинг, сребро, злато и др.), полимерна глина, сребрена, златна и бакарна глина, кристална глина, конци, жици и сајли  и др.
Ќе стекнете познавања за различните видови на алат – клешти (видови на клешти), чекани, игли, табли за работа со монистра, конуси, турпии и др.
Ќе навлезете во тајните на различните техники за изработка на накит од монистра (нижење, ткаење, плетење, везење), од метал и жица (без употреба на оган и со употреба на оган) и од глина.
Програмата на курсот е изработена од Елена Поповска, дизајнер на накит со повеќегодишно искуство, во соработка со Универзитет „Евро-Балкан“.
По успешно завршување на обуката, посетителите ќе добијат Сертификат за завршен курс и ќе можат самостојно да изработуваат накит.

Курсот трае 12 часа x 45 минути
Цената на курсот е 3.600 денари.

За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113.

- Програмата за почетен курс за рачно изработување на накит може да ја превземете овде
- Апликација за пријавување на курсот можете да преземете овде Апликација за пријавување и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan