Постојат ли можности за стипендирање?

Институтот „Евро-Балкан“ распишува повик за учество во натпреварот за најдобар есеј што ќе ја обработи темата: „Заедницата меѓу љубовта, братството, солидарноста“.
Автор(к)ите се слободни да му дадат посебен наслов на својот текст, како и да пристапат од различни перспективи. Есеите треба да имаат должина на стандардна новинарска колумна (600 до 1000 зборови). Најдобриот есеј ќе биде награден со целосна стипендија за последипломските студии (студии од втор циклус) на Евро-Балкан за академската 2012/2013. Имињата на автор-(к)ите на најдобрите есеи ќе бидат објавени на интернет страната на Институтот заедно со редовниот конкурс за упис на студенти за претстојната академска година.
Автор(к)ите своите текстови можат да ги поставуваат на форумот на Евро-Балкан до 1 септември 2012 година, заедно со своето полно име и презиме и назнака за која студиска програма се заинтересирани. За да учествуваат на конкурсот, кандидат(к)ите треба да имаат завршено високо образование или да имаат дипломирано пред почетокот на претстојната академска година.
Изборот на најдобриот есеј ќе го направи трочлена комисија од наставниот кадар на Евро-Балкан.

Copyright © 2010 EvroBalkan