icon
Avatar
RisteA
Moderator
Posts:
Одделот за родови студии (основан 1999 година како Истражувачки центар за родови студии) ја промовира научната и академска легитимност на областа на родовите студии. Во согласност со ваквата мисија, спроведува научни и теориски истражувања од областа, публикува свои оригинални научни студии како и преводи на најрелевентните дела од областа и организира настани чија цел е придонeс кон воведувањето на родовите студии во високото образование. Родовите студии се истражувачка и високообразовна област, која е интердисциплинарно структурирана од сферите на општествените и хуманистичките науки.

Филозофијата, политичките науки, психологијата, социологијата, литературата и културните студии, историјата, лингвистиката, антропологијата, економијата и правото се изучуваат од родов аспект, со цел да се разберат начините на кои се структурираат полово условените идентитети (родовите). Родовите студии се занимаваат со прашањата на родовите улоги, на идентитетот и статусот на жената и мажот во општеството во различни историски периоди и на различни простори. Исто така, родовите студии претставуваат и „препрочитување“, критички темелно промислување на учинокот што го имала идеологијата на патријархатот во начините на структурирање и легитимирање на знаењето.

Одделот за родови студии е лидер во повеќе регионални иницијативи од областа на родовите и женски студии. Ваквата позиција е тесно поврзана со методолошкото убедување според кое е неопходно научната мисла контекстуално да се ситуира. Па така, Одделот за родови студии инсистира на родови студии како истражувачка, но и како образовна област, кои во голема мера ќе бидат посветени на специфичните прашања релевантни за контекстот на Југоисточна Европа и воедно ќе придонесат за креирање на јавните политики во сите сегменти на општеството.
03-03-2011 10:19
icon
Copyright © 2010 EvroBalkan