icon
Avatar
RisteA
Moderator
Posts:
Одделот за визуелни и културни истражувања претставува конзистентен дел од Институтот „Евро-Балкан“ кој ја анализира и проблематизира применливоста на културните теории во процесот на креирање на „ситуирано знаење“ во балканскиот контекст. Со други зборови, ние се фокусимираме на начините на кои специфичните услови во светот денес, односно зголемениот тек на култура, капитал, и луѓе во ерата на глобализација, но и нашата културна специфичност на Балканот со историјата на имиграција, како и испреплетувањето на различните култури, го прават неопходно преосмислувањето на теоретските прашања поставени во визуелните и културните теории. Почнувајќи од септември 2004, Одделот за визуелни и културни истражувања обединува посветени истражувачи чиишто истражувања и интереси се фокусираат на политичкото и продукцијата на културата во јавната сфера, со посебен нагласок на интерпретативните методи во општествените и хуманистичките науки и уметноста.
03-03-2011 10:20
icon
Copyright © 2010 EvroBalkan