icon
Avatar
RisteA
Moderator
Posts:
Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ ги известува сите заинтересирани кандидати за последипломски студии дека во месец март ќе биде објавен овогодинешниот конкурс за прием на нови кандидати по следните наставни програми:

1. Родови студии:   повеќе тука 

a.   подгрупа: Социологија и род    

б.   подгрупа: Философија и род

2. Студии на Југоисточна Европа повеќе тука

3. Студии на културата повеќе тука


Воедно, членот 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за високото  образование (Сл. Весник бр. 17/2011) пропишува дека:

„Лицата кои се стекнале со научно звање магистер согласно со одредбите од Законот за високо образование (Сл. Весник на РМ, бр 64/2000 и бр. 49/2003), можат да поднесат пријава за здобивање со научен степен доктор на науки согласно со одредбите на Законот за високо образование (Сл. Весник на РМ, бр 64/2000 и бр. 49/2003) најдоцна до 31 декември 2011 година“.

Современ пристап и одлична атмосфера... предавачи докажани во Македонија и во светот... можност  за учество во меѓународни проекти и работа со светски реномирани визитинг професори... дел од Европскиот чартер на високо-образовни установи...можност за стажирање на најдобрите студенти... шеми за размена на студенти со европски универзитети … ЧЕКОРИ СО НАЈДОБРИТЕ
03-03-2011 10:27
icon
Copyright © 2010 EvroBalkan