icon
Avatar
RisteA
Moderator
Posts:
Институт за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“
КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ


Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ распишува конкурс за прием на студенти на последипломски студии од следниве студиски програми:


1.Родови студии (философија на родот и социологија на родот)
2.Студии на Југоисточна Европа
3.Културни студии
4.Византолошки студии

Институтот „Евро-Балкан“ е научна установа запишана во регистарот на научни установи што ги води Министерството за образование и наука и е акредитиран за вршење настава за последипломски студии од областа на родовите студии (философија на родот и социологија на родот), последипломски студии на Југоисточна Европа, последипломски културни студии и последипломски византолошки студии.

Студиите се органзирани во согласност со европскиот систем за пренесување на кредити (ECTS), што овозможува едноставни процедури за вреднување и признавање на дипломите во странство. Институтот е член на европскиот универзитетски чартер Еразмус, што на студентите им нуди можност за кратки студиски престои на европските универзитети.

Студентите имаат пристап до богата библиотека која се обновува двапати годишно и им овозможува да бидат во тек со најсовремените дела и автори.
Од кандидатите се очекува да имаат одлично познавање на англискиот јазик.

Потребни документи за упис:


Диплома за завршено високо образование
Кратка биографија (CV)
Писмо за мотивацијата (150-300 збора)
Пријава со личен потпис за упис на последипломски студии на Институтот (достапна на интернет страната на Институтот: www.euba.edu.mk

Уписот трае до 20 јуни 2011 година.


Документите може да се поднесат лично или по редовна пошта на адреса: Бул. „Партизански одреди“ бр. 63, 1000 Скопје.
Пријавата може да се поднесе и по електронска пошта на: poslediplomski@euba.edu.mk, но мора да биде придружена и со отпечатена и потпишана верзија во моментот кога се извршува уписот.

За дополнителни информации, посетете ја интернет страната на Институтот (www.euba.edu.mk) или обратете се на телефоните 02/3075570(лок. 115) и 02/3090731(лок. 116). Лица за контакт: Драгана Каровска Чемерска и Ивана Крајчиновиќ. [/j]
04-04-2011 11:36
icon
Copyright © 2010 EvroBalkan