Од мануелна до дигитална фотографија. Од блиц до студиско осветлување. Од аматерска до професионална фотографија и техники кои ќе ви овозможат да фотографирате и да креирате во секоја ситуација. Портрети, пејсажи, документарна, модна, социјална, како и комерцијална фотографија. Пракса во вистинско време со вистински фотограф.

Образовната програма фотографија  е составена од  4 основни модули:
1.Воведни теоретски предавања
2.Техника
3.Уметност
4.Финале

Наставата ќе се изведува во училница и на терен. Во наставата во училница ќе се користат фотоапарат, вештачки светла, дополнителна фото опрема, видеопрезентација, фотографии, табла, цртежи, стручна литература, стручни списанија и обемен веб, онлајн материјал. Теренската настава ќе се реализира со помош на неопходна фото опрема за фотографирање на терен.

По совладувањето на образовната програма фотографијa учесниците ќе стекнат основни теоретски и практични познавања и вештини, од областа на фотографијата и ќе бидат оспособени за самостојна работа со фотоапарат која опфаќа:
* фотографирање со природно светло
* Фотографирање со вештачко светло
* фотографирање на портрети
* фотографирање на предмети
* фотографирање на настани
* познавања за дигитална обработка на фотографии

Услов за запишување на образовната програма фотографија  е учесникот да има завршено најмалку средно образование и да поседува свој дигитален фото апарат (DSLR).
По успешно завршување на курсот, слушателите ќе добијат Сертификат за завршен курс.
Курсот трае 40 часа x 45 минути.
Цената на курсот е 12.000 денари.
За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113.

- Програмата за курсот по фотографија може да ја превземете овде
- Апликација за пријавување на курсевите можете да преземете овде Апликација за пријавување  и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan