Темелно запознавање со основите на веројатно најстарата уметност на човечкиот род. Анализа на сите елементи на сликата почнувајќи од цртежот, бојата, формата до структурата, композицијата и употребата на разновидни техники. Осврт кон историскиот развој на сликарството и што се се случува во умот на уметникот при креативниот процес. По завршувањето нa овој курс ќе можете самостојно да создавате дела и да го истражувате и развивате својот талент. Предуслов за овој курс е да го сакате сликарството или барем да имате љубопитен ум.

Предавач на курсот е Симонида Филипова-Китановска, академска сликарка.

Курсот се спроведува во просториите на Универзитет „Евро-Балкан“, во целосно опремено ателје, кое ќе биде на располагање на слушателите секојдневно.
Во библиотеката на Универзитетот, за слушателите е обезбедена стручна литература од сферата на уметноста.
Услов за запишување на образовната програма Цртање и сликање е учесникот да има завршено најмалку средно образование.

Курсот трае 26 часа x 45 минути
Цена на курсот 7.800 ден (со можност за плаќање на 2 рати)

За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113

- Програмата за курсот по Цртање и сликање можете да ја превземете овде - Наставна Програма

- Апликацијата за пријавување на курсот можете да ја превземете овде - Апликација за пријавување и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan