Универзитет „Евро-Балкан“ во соработка со истакнати професионалци од областа на комуникологијата ви нуди можност да бидете дел од специјализиран курс - Развивање на комуникациски вештини и ефикасност во деловна средина. Оваа обука е изработена како за деловни луѓе така и за студенти кои допрва ќе влезат во работен однос, за сите кои работат јавна професија или се дел од медиум, но и за сите оние кои сакаат да работат на себе и се свесни дека вештата комуникација е клуч за успехот. Обуката е отворена за сите заинтересирани и не се потребни никакви предуслови за учество.
За време на обуката посетителите ќе бидат оспособени:
• Да подготват акционен план за свој професионален напредок
• Да напишат CV кое ќе привлече внимание
• Да развијат лична маркетинг-стратегија
• Ефикасно да се подготват за интервју
• Да станат свесни за впечатокот што го оставаат и како да го променат
• Да се соочат со различни видови на прашања (при интервју за работа) и како да се  справат со нив
• Да управуваат со нивото на стрес и да мислат позитивно

Во текот на курсот, предвидени се индивидуални консултации со секој посетител, за да бидеме сигурни дека целосно го разбираме вашето кариерно искуство, вашите достигнувања и цели. Секое CV ќе биде индивидуално приспособено и најдобро ќе ве претставува – ние не работиме по готово изработени обрасци.  Изработените CV-a, мотивациони писма и Линкедин- профили, посетителите ќе можат да ги користат во секоја фаза од нивната кариерна прогресија (од штотуку дипломирани студенти до извршни директори).Обуката вклучува теориски концепти, подготовка за професионално писмено претставување, прашалници, интерактивни вежби и групни вежби за усвојување на техниките. Професионалниот тим на предавачи од Универзитет „Евро-Балкан“ ви стои на располагање и за индивидуални консултации за било кој сегмент од обуката.
По успешно завршување на курсот, на посетителите им се издава Сертификат за завршен курс.

Обуката е составена од 8 часа x 45 мин.
Цената на обуката е 2.400 денари.

За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113.

Апликацијата за пријавување на курсот можете да ја превземете овде (Апликација за пријавување) и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan