Од наредната учебна 2013-2014 година, Универзитетот Евро-Балкан нуди студиски програми од втор циклус на студии од областа на Културната Антропологија и Археологија. Во рамките на програмата вметната е и чисто археолошка компонента, во која се застапени следниве модули:

- Методи и теории на археолошко истражување;

- Керамографија;

- Древно оружје и војување;

- Фунерарна археологија;

- Археологија на пејсажот;

- Симболичките претстави на човековото тело

Во духот на општиот пристап и принципи на Универзитетот Евро-Балкан, понудените модули се однесуваат на генерички теми од областа на археологијата, кои или се сосема запоставени или се расцепкани во разни хронолошки односно регионални рамки во постоечките археолошки силабуси на државните универзитети. Во оваа насока е и силниот интердисплинарен акцент на програма,особено на врските помеѓу археологијата и културната антропологија, географијата, старите религии и верувања итн.

Copyright © 2010 EvroBalkan