Колку чинат студиите од втор циклус?

Школарината за последипломските студии изнесува:

- Модел 1: 3+2 (последипломските студии траат 2 години, односно 4 семестри) - 1000 Евра на една рата, 1200 евра на две рати по година

- Модел 2: 4+1(последипломските студии траат 1 година, односно 2 семестри) - 1000 Евра на една рата, 1200 евра на две рати

 

Постојат ли можности за стипендирање?

Институтот „Евро-Балкан“ распишува повик за учество во натпреварот за најдобар есеј што ќе ја обработи темата: „Заедницата меѓу љубовта, братството, солидарноста“.
Автор(к)ите се слободни да му дадат посебен наслов на својот текст, како и да пристапат од различни перспективи. Есеите треба да имаат должина на стандардна новинарска колумна (600 до 1000 зборови). Најдобриот есеј ќе биде награден со целосна стипендија за последипломските студии (студии од втор циклус) на Евро-Балкан за академската 2012/2013. Имињата на автор-(к)ите на најдобрите есеи ќе бидат објавени на интернет страната на Институтот заедно со редовниот конкурс за упис на студенти за претстојната академска година.
Автор(к)ите своите текстови можат да ги поставуваат на форумот на Евро-Балкан до 1 септември 2012 година, заедно со своето полно име и презиме и назнака за која студиска програма се заинтересирани. За да учествуваат на конкурсот, кандидат(к)ите треба да имаат завршено високо образование или да имаат дипломирано пред почетокот на претстојната академска година.
Изборот на најдобриот есеј ќе го направи трочлена комисија од наставниот кадар на Евро-Балкан.

 

Колку траат студиите и како се структуирани ?  

На Институтот се понудени следните модели на студирање:

  • Модел 1: 3+2 (последипломските студии траат 2 години, односно 4 семестри)
  • Модел 2: 4+1(последипломските студии траат 1 година, односно 2 семестри)

Планот на работа е претставен преку модули и тоа задолжителен методолошки модул, задолжителен теориски модул и  изборни модули, со можност студентите да креираат сопствен магистерски пакет.

Бројот на потребните кредити за завршување на студиите е најмалку 60 (за моделот 4+1) односно 120  (за моделот 3+2). Одделно прикажано, тоа изгледа вака:

-  Задолжителен теориски модул (14 кредити односно 24 кредити);

-  Задолжителен методолошки модул (16 кредити за двата модела на студирање);

-  Изборни модули (20 кредити односно 60 кредити);

-  Магистерски труд (10 кредити односно 20 кредити).

Кредитите ги изразуваат потребните работни часови кои студентот ги вложува во совладување на модулот. Кредитите се доделуваат врз основа на: присуството на предавањата, извршените консултации, успешно реализираните вежби, успешно реализираната практична работа, писмените изработки (семинарска работа, есеј, анализа на текст), теренска работа, самостој­на/домашна работа, учење во библиотека, менторство, изработени и реализирани проекти. Бројот на работни часови на студентот за еден кредит изнесува 25 часа.

 

Како е организирана наставата?  

Наставата на магистерските студии се одвива преку предавања (мастер часови) или менторски систем. Принципот за избор на начинот на спроведување на наставата зависи од бројот на пријавените студенти, и тоа:

  • Мастер часови (најмалку од 5 студенти) - Комплексен час, може да го водат повеќе професори, користејќи различни пристапи. Долга и интензивна интерактивна наставна работа која бара исчитување на клучни текстови и која ги интегрира теоретскиот и практичниот дел (во методолошкиот модул ќе се вежбаат и конкретни вештини).
  • Менторски систем (помалку од 5 студенти) - задолжителни консултации со професорот, односно менторот на модулот

Предавањата се конципирани во интерактивен стил, преку поттикнување на критичкото мислење и активната улога на студентот во текот на наставата. Особена важност во наставата ќе има примената на визуелните нагледни средства (телевизиски содржини, фотографии, инсерти од филмови, презентации, со цел студентите да се обучат за репрезентациска анализа на содржините).

 

Кој е начинот на оценување? 

Оценувањето на студентите во рамките на предметната програма се остварува според следниов критериум:

 1.Редовни активности, што подразбира активност на настава, учество на групни дискусии и други форми на интерактивност, учествува во вкупната оценка со најмногу 20%, односно се вреднува со најмногу 20 бода.

 

1.1 Присуство на настава = до 10 бода

- од 51% до 60% присуство на настава = 2 бода

- од 61% до 70% присуство на настава = 4 бода

- од 71% до 80% присуство на настава = 6 бода

- од 81% до 90% присуство на настава = 8 бода

- од 91% до 100% присуство на настава = 10 бода

 

1.2  Учество на групни дискусии = 10 бода:

- од 51% до 60% присуство на групни дискусии = 2 бода

- од 61% до 70% присуство на настава = 4 бода

- од 71% до 80% присуство на настава = 6 бода

- од 81% до 90% присуство на настава = 8 бода

- од 91% до 100% присуство на настава = 10 бода

 

  1.  Изработка на семинарски труд, учествува во вкупната оценка со 40% и се вреднува со најмногу 40 бода. 

 

  1. Полагање на завршен испит, односно на завршни испитни колоквиумски презентации.

Завршниот испит за определена предметна програма се изведува преку полагање на две испитни колоквиумски презентации на студентот. Двете презентации се задолжителни и учествуваат во вкупната оценка со 40%, односно се вреднуваат со најмногу 40 бода. Една презентација носи најмногу 20 бода. (за подетална информација  за завршниот испит погледнете во Упатството за студирање)

 

Со кој стручен назив ќе се стекнам по завршување на студиите?

  • Магистер по социолошки и родови студии
  • Магистер по филозофски и родови студии
  • Магистер по политички науки на Југоисточна Европа/Магистер по студии на Југоисточна Европа
  • Магистер по студии на културата
  • Магистер по византолошки студии

Кои се моите права и обрски како студент?

УПАТСТВО за студирање на втор циклус на студии на Институтот „Евро-Балкан“

ПРАВИЛНИК за начинот и постапката за организирање на студии од втор циклус и стекнување со научен назив магистер на науки

Copyright © 2010 EvroBalkan