"International Industrial Relations"
Директорка на Школата: Д-р Антонија Јосифовска

Оваа Летна Школа има за цел да придонесе за подобро разбирање на еволуцијата на индустриските односи во повеќе европски земји. Намерата на оваа Школа е да го промовира, со сите постоечки средства, процесот на општествениот дијалог.


Како дополнување на ова, а со цел да придонесе и за развојот на националната економија, Школата за Меѓународните индустриски односи, исто така, ги промовира и заштитува пријателските договори околу разрешувањето на споровите, особено во меѓународната соработка преку користење на механизмите на информирање и консултирање. Ова особено се однесува на земјите од Југоисточна Европа, кои претендираат на интегрирање во Европската Унија. Учесниците ќе имаат можност да ги научат конкретните техники при тројните преговори, колективните спогодби и потпишувањата на колективните договори.

Resource persons: Prof. Marco Cilento, Prof. Gianny Loy, Prof. Margarita Atanasova, Prof. Pinna A. Maria, Prof. Gianfranco Botazzi, Prof. Vesna Stojanova, Prof. Paolo Piacentini, Prof. Sylvane Laulom, Prof. Jesus Cruz, Prof. Zvonko Brnjaz.

"Refugees/Mass Movements of People"
Директор на Школата: Проф. Д-р Звонко Јанкуловски

Основната цел на оваа Школа е да им понуди на партиципантите знаења во врска со пошироката историја на меѓународнато правно и политичко опкружување кадешто се јавуваат присилни миграции. Школата, исто така, цели кон оспособување на учесниците за нивно разбирање на глобалните пост-модерни, културни, политички и економски трансформации на Балканот во врска со меѓународните миграции и протекот на бегалците.

"Architecture of Mass Movements"
Под водство на Деканот на Архитектонскиот факултет од Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Главната тема на оваа Летна Школа има за цел да ги истражи просторот и формите, како на пример архитектурата креирана како последица на масовните движења. Феноменот на модерниот номад и „номадизмот“ воопшто, со сите свои дилеми, прашања, проблеми, неизвесности и предизвици заслужува да биде тема на истражување и анализаод специфичен урбан планирачко/архитектонски пристап, во рамките на Летната Школа.
Современите миграции можат да бидат предизвикани од различни причини, како на пример: политички, економски, општествени и др., но она што е заедничко за сите нив е итната потреба за обезбедување на простор за живеење кој ќе ги задоволи основните егзистенцијални потреби, честопати за огромен број на луѓе, и чие време на останување не е однапред предвидено.

"The Face of the Other"
Директорка на Школата: Д-р Сузана Милевска

Целта на оваа Школа е да го поттикне интересот на младите научници и истражувачи кои доаѓаат од источна и централна Европа, за запознавање со областа на имагологијата на Другиот. Намерата на оваа Школа е да се фокусира на интердисциплинарното истражување за начините на кои членовите на различните заедници меѓусебно се разбираат и се претставуваат во проблематичните етички, антрополошки и општествени дефиниции за човекот. Ова е од особена важност за Балканот како регион со многу проблематични меѓуетнички и меѓуродови односи, кои честопати резултираат со насилство.

Resource persons: Prof. David H. Fisher, Prof. Leszek Koczanovicz, Prof. Dina G. Iordanova, Prof. Irit Rogoff, Prof. Susan Noyes Platt, Prof. Deniz Sengel, Prof. Georgi Stojanov, Prof. Elizabeta Seleva, Prof. Simon Semov, Prof. Nikos Chausidis.


<!--[if gte mso 9]> Normal 0 false false false MK X-NONE X-NONE MicrosoftInternetExplorer4
Copyright © 2010 EvroBalkan