"Industrial Relations"
Директорка на Школата: Проф. Д-р Антонија Јосифовска

Оваа Летна Школа има за цел да придонесе за подобро разбирање на еволуцијата на индустриските односи во повеќе европски земји. Намерата на оваа Школа е да го промовира, со сите постоечки средства, процесот на општествениот дијалог.

Како дополнување на ова, а со цел да придонесе и за развојот на националната економија, Школата за Меѓународните индустриски односи, исто така, ги промовира и заштитутва пријателските договори околу разрешувањето на споровите, особено во меѓународната соработка преку користење на механизмите на информирање и консултирање. Ова особено се однесува на земјите од Југоисточна Европа, кои претендираат на интегрирање во Европската Унија. Учесниците ќе имаат можност да ги научат конкретните техники при тројните преговори, колективните спогодби и потпишувањата на колективните договори.

Resource persons: Prof. Marco Cilento, Prof. Gianny Loy, Prof. Margarita Atanasova, Prof. Pinna A. Maria, Prof. Gianfranco Botazzi, Prof. Vesna Stojanova, Prof. Paolo Piacentini, Prof. Sylvane Laulom, Prof. Jesus Cruz, Prof. Zvonko Brnjaz.

"Reading the Balkan Subject and it's Genders"
Директорка на Школата: Проф. Д-р Катерина Колозова

Основната цел на оваа Школа е етаблирање на концептуално методолошките специфики, или специфични потреби, на теоретските и научните истражувачи на родовите прашања од регионот. Оваа Школа за родови студии ќе се обиде да утврди одреден број на родови прашања земајќи ја во предвид специфичноста на регионот. На овој начин, неизбежно ќе бидат посочени најопштите прашања за „Балканскиот/-ките субјективитет/и“ и идентитет/и, преку перспективата на родовите теории.

Resource persons: Svetlana Slapsak, Miglena Nikolchina, Elizabeta Seleva, Jasna Koteska.

"The Cultural Identity and Regional Security in the Balkans"
Директорка на Школата: Проф. Д-р Емилија Симоска

Главната цел на оваа Школа е да се фокусира на статусот, содржината и влијанието на културната и регионалната сигурност, со цел да се подобри комплексноста и ефективноста на политичките стратегии создадени во овој дел од Европа. Друга цел на Школата е да додаде нови содржини кои се однесуваат на влијанието на државната безбедност во регионот и да помогне во развојот на нова методологија и анализи на овој феномен.

Resource persons: Bogdan Szajkowski, Keith Brown, Charlie Kupchan, Antoanela Petkovska.

"Managing Public Administration in Transition: Toward Better Governance in the   Balkans"
Директор на Школата: Проф. Д-р Панде Лазаревски

Оваа Школа ќе настојува да даде подобро објаснување за комплексноста и значајноста на реформите на јавната администрација во посткомунистичките земји и взаемната зависност со процесите на креирање на политиките. Главниот фокус на оваа Школа е концептот на јакнење на капацитетите на јавната администрација како предуслов за добро владеење.

Resource persons: Pierre Richer de la Fleche, David Miller, William Dunn, Hank van de Graaf, Borche Davitkovski, Ilija Todorvski.


Copyright © 2010 EvroBalkan