"United People, Divided Nations. Journey Through History of Arts"
Директорка на Школата: Проф. Д-р Елизабета Димитрова

Целта на оваа Школа, која е од областа на историјата на уметноста, е да се концентрира на прашања од општиот културен концепт на средновековна Европа и заедничките карактеристики на уметничката креација на нивната популација, како и развивањето на нов методолошки пристап во анализата на уметничките феномени од европското средновековие. Оваа Школа, исто така, нуди поглобална слика за пошироките културни контакти на различните нации, обединети преку универзалните вредности на уметничката креација. На некој начин оваа Школа дава и длабински увид во мултинационалниот карактер на уметничката продукција.

Resource persons: Prof. Alexei Lidov, Prof. Saso Korunovski, Prof. Ida Sinkevic, Prof. Elizabeta Kasapova, Prof. Bojan Jovic, Prof. Ljubinka Xidrova, Prof. Antoanela Petkovska, Prof. Thomas Steppan.

"Critical Debates in Contemporary Philosophy: Historicism and Difference Versus Universalism"
Директорка на Школата: Проф. Д-р Катерина Колозова

Оваа Школа промовира воведување на интердисциплинарноста и општествената одговорност во филозофската настава на универзитетите од регионот на Источна и Централна Европа. Една од главните намери на оваа Школа е да ги запознае учесниците со можноста за конструирање дискурс преку воведување на интердисциплинарноста (општествените науки) и политичките ангажирања (на пример: феминизмот) во нешто што може да се разбере како уште една форма на философија и трансфер на философското знаење. Уште една од целите на оваа Школа е претставување на основите на современите дебати во феминистичката философија, и, поконкретно, вклучување во дискусија за концепти, како што е оној за „перформативниот субјективитет“.

Resource persons: Prof. Simon Critchley, Prof. Obrad Savic, Prof. Ray Brassier, Prof. Mariusz Turowski, Prof. Dasa Duhacek, Prof. Drucila Cornell, Prof. Dimitar Kamburov, Prof. Wilhelm Schmidt.

"Contemporary Demographic Processes and the Future of the Balkans"
Директорка на Школата: Проф. Д-р Антонија Јосифовска

Главната намера на Школата е да нагласи дека демографските фактори се во постојана релација со економските, политичките и општествените процеси. Целта на оваа Школа е да детектира како овие промени се рефлектираат на демографските услови на регионот. Во контекст на ова, постои потреба од отворање на новите дилеми со цел да се прошират знаењата во врска со постоечките демографски процеси, кои се случуваат на историски и стратешки важниот европски регион: Балканот.

Resource persons: Prof. Verica Janevska, Prof. Johansen Harley Ervin, Prof. Blagica Novkovska, Prof. Natalija Nikolovska, Prof. Stefano Bianchini, Prof. William Bartlett, Prof. Vesna Stojanova.

"Conflict Management"
Директорка на Школата: Проф. Д-р Емилија Симоска

Една од целите на оваа Школа е да придонесе кон инкорпорирањето на темата на конфликт менаџментот во постоечките наставни програми во институциите на високото образование. Школата, исто така, има намера да ги истражи постоечките методологии за решавања на конфликтите, нејзините предности и ограничувања, како и да придонесе за воведување на мултифакторната анализа при превенцијата од конфликти и конфликт менаџментот. Школата овозможува размена на искуства и истражување на случаи, како фактори кои придонесуваат кон напредување и ефективност во превенцијата, менаџментот и решавањето на конфликтите.

Resource persons: Prof. Aleksandar Boskovic, Prof. David Jaques, Prof. Jacek Kurczewski, Prof. Rustam M. Shukurov.


Copyright © 2010 EvroBalkan