"Post conflict Management in Multicultural Societies"
Директорка на Школата: Проф. Д-р Емилија Симоска

Целта на оваа Школа е да ги претстави начините на управување со пост-конфликтните мултикултурни општества, со посебен фокус на Балканските земји, во поствоениот период (после 1994).

Resource persons: Prof. Tatjana Dronzina, Prof. Biljana Vankovska, Prof. Pande Lazarevski, Prof. Ekaterina Stepanovna, Prof. William Dunn.

"Balkans' Cultural Heritage, Art and Vision: From Confluence To Coexistence"
Директорка на Школата: Проф. Д-р Елизабета Димитрова

Како продолжение на летните школи од областа на културните студии од 2002 год. и од 2003 год., оваа Школа има за цел понатамошно елаборирање на веќе постоечките воспоставени основи за интердисциплинарна анализа на Балканскиот културен феномен, неговата историска значајност и рефлексијата на современиот културен живот во регионот. На тој начин, главната цел на курсевите на оваа Школа би бил фокусот на прашањата кои се однесуваат на општиот концепт на Балканскиот регион, и тоа преку анализа за заедничките и посебните појави на културните активности на неговата популација.

Resource persons: Prof. Stasa Babic, Aleksandar Palavestra, Prof. Ida Sinkevic, Prof. Sasho Korunovski, Prof. Nebojsha Vilic.

Почеток на
Regional Seminar in Gender/Women’s Studies and European Studies, 2004-2006,
“Gender and Women’s Studies for Southeastern Europe: Rethinking Strategies and Ideologies of Their European Integration”
Директорка на тригодишниот семинар: Проф. д-р Катерина Колозова

По пат на интерсекција меѓу родовите/женските и европските студии, воведувајќи ја интегративната европска перспектива, Семинарот ја презема задачата да ги ситуира точките на специфичност во поширокиот контекст на европското теориско наследство во областите на родовите/женски студии. Така, по пат на сместување на специфичното во неговиот европски контекст, по пат на компаративниот приод, Семинарот ќе настојува да воспостави пертинентен увид во точките на интелектуално и теориско заедништво. Поточно, покрај аспектот на заедничката (предоминантно) континентална образовна и теориско-интелектуална традиција, исто така, цел ќе биде и утврдувањето на заедничките истражувачки приоритети како на Југоистокот така и на Западот од Европа.

Core resource persons: Svetlana Slapsak, Gabriele Griffin, Rosi Braidotti.

Summer Session 2004 (of Regional Seminar in Gender/Women’s and European Studies):
“Gender and Women’s Studies, Theories and Sciences of Identity: Rethinking Europe, European Knowledge and Its Genders”
Директорка на летната сесија: Проф. Д-р Катерина Колозова

Resource persons 2004: Svetlana Slapshak, Gabriele Griffin, Ugo Vlaisavljevic, Ray Brassier, Gilles Grelet, Dasa Duhacek, Rosi Braidotti, Miglena Nikolcina.  


Copyright © 2010 EvroBalkan