Светиклиментовата Летна школа за конзервација и заштита на културното наследство

(Директор: Проф. д-р Елизабета Димитрова),

Прва од таков вид организирана во рамките на Охридскиот Летен Универзитет, беше посветена на етаблирањето на најсоодветните форми на едукативни активности во сферата на заштитата на културните добра. Таа имаше за цел да ги претстави најсовремените методи и техники за репарација, конзервација и заштитни третмани во работата со вредни елементи на материјалната култура и уметничкото творештво, кои потекнуваат од територијата на Република Македонија. Притоа, таа беше организирана како специјализирачки практикум со три паралелни секции: конзервација на фрескоживопис и иконописни дела, конзервација на метални археолошки артефакти и конзервација на мозаици. 

Професори: Проф. Д-р Елжбиета Басиул, Проф. Д-р Марија Руди, Проф. Д-р Роберт Рогал, Проф. Катрзина Полак, Проф. Д-р Катрзина Вантух-Јаркиевич, Проф. Д-р Алина Томашевска-Шчечук (Универзитет Никола Коперник - Торун, Полска)

 

Летната школа Реконструирање на имагинарната и вистинската Византија: Историското и културното наследство што ја разделува и интегрира Европа

(Директор: Проф. д-р Митко Панов)

Го истражуваше комплексниот и фасцинантен феномен на Византија и нејзиното наследство, настојувајќи да ги надмине границите на воспоставениот приод во проучувањето на византиската историја и култура. Летната школа ги истражуваше византиските студии во Западна Европа и ги стави во интеракција со оние во Југоисточна Европа, со крајна цел да го стимулира критичкото размислување за разбирањето на Византија и нејзиното наследство не како фактор на поделбата Исток - Запад, туку како интегративен цивилизациски мост меѓу Балканот/Југоисточна Европа и Западна Европа. 

Професори: Проф. Д-р Пол Стивенсон (Универзитет во Дарам, Велика Британија), Проф. Д-р Кореј Дурак (Богазичи Универзитет, Турција), Проф. Д-р Елизабета Димитрова (Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија).

 

Летната школа Богомили: дисидентски мост на Европскиот културен континуитет

(Директор: Проф. д-р Маја Ангеловска-Панова)

Ја истражуваше историјата на Европа која е помалку позната но не помалку значајна, онаа на богомилското движење и на неговото интелектуално наследство. Тоа е историја на спиритуалност која ја манифестира долговековната културна и интелектуална размена меѓу Византија, Балканот и Западна Европа, возпоставувајќи цивилизациски континуитет на Европа неподелена меѓу Исток и Запад. Главната цел на школата беше да се презентираат феномените не богомилството, кое, во услови на ригорозни религиозни конфронтации, претставувало фактор на интеракција и обединување меѓу различните култури и цивилизации во Европа. 

Професори: Проф. Д-р Ендрју Роуч (Универзитет во Глазгов, Велика Британија), Проф. Д-р Јуриј Стојанов (Универзитет во Лондон, Велика Британија), Проф. Д-р Метин Изети (Универзитет во Тетово, Македонија)



Летната школа Универзалниот карактер на Св. Климентовото просветителство и на средновековната литература и уметност во Македонија

(Директор: Доцент. д-р Софија Грандаковска)

Ја истражуваше Св. Климентовата активност како автентичен пример за културно просветлување преку продукцијата на оригиналната средновековна литература и уметност, преведувачките активности, трансмисијата на библиското и апостолското образование, христијанската поетика и естетика и словенската култура, литература и уметност. Пораката на средновековната литература и уметност остварила значаен компаративен, трансисториски, интеркултурен и оригинален придонес кон светската култура. Оттука, универзалната димензија на средновековниот културен модел преку Словенската  култура се наметнува како отворен музеј за Источниот и Западниот свет, а исто така и за современата Западно-европска култура. 

Професори: Проф. Д-р Маја Јакимовска-Тошиќ (Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Македонија), Доцент Д-р Софија Грандаковска (Институт Евро-Балкан, Скопје, Македонија). 

Copyright © 2010 EvroBalkan