Овој курс има за цел да ги запознае слушателите со основите на 3Д визуелизацијата. После краткиот осврт врз историјата и техничките аспекти на 3Д визуелизацијата, ќе се осврнеме врз современите алатки за 3д визуелизација.

Слушателите ќе бидат воведени во основите на Autodesk 3d Studio Max, почнувајќи од запознавањето со работната средина, основите на моделирањето и полигоналното моделирање. Понатаму ќе се запознаеме со материјалите, осветлувањето и текстурите.

По завршувањето на овој курс, слушателите ќе се стекнат со вештини за самостојна работа, како и со насоки за понатамошно истражување и учење.
Услов за запишување на образовната програма 3Д моделирање е завршено најмалку средно образование и базични познавања на компјутерски јазици.

Курсот трае 20 часа x 45 минути
Цена на курсот 6.000 ден.

За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113

- Програмата за курсот по 3Д моделирање можете да ја превземете овде
Наставна програма

- Апликацијата за пријавување на курсот можете да ја превземете овде
Апликација за пријавување и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan