Анализата гo детектираше развојот забележан во периодот септември 2009 – август 2010 во областите децентрализација, цивилно општество и демократско законодавство, преку мониторинг на трендовите на забележани промени по прашањата релевантни за вкупниот контекст. Аспектите заеднички за сите овие области, како родовите прашања и прашањата поврзани со меѓуетничките односи беа исто така опфатени во рамки на претходно набројаните области, особено проблемите поврзани со еднаквиот пристап на мажите и жените кон општествените можности и ресурси, како и контролата врз резурсите врз основа на етничка припадност и социјален статус (т.е. нивото на пристап обезбеден за припадниците на социо-економски маргинализираните групи). 

Copyright © 2010 EvroBalkan