„Борба против дискриминацијата: Споделување и ширење на знаењата и искуствата“, финансиран од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ во 2009 г. го имплеметираше проектот „Борба против дискриминацијата: Споделување и ширење на знаењата и искуствата“, поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во првата фаза на проектот беше извршен мониторинг на електронските и печатените национални медиуми во Македонија, со кој беше опфатена изборната кампања за претседателските и локалните избори. Мониторингот се однесуваше на застапеноста на проблемот на дискриминацијата и општествената исклученост кај помалите етнички заедници во Македонија, во изборните програми и презентации на кандидатите за претседателските и локалните избори 2009 година. 

Во рамките на проектот беа реализирани и 5 локални јавни трибини, со кои беа опфатени општините Струга, Гостивар, Радовиш, Босилово и Чаир.

Проектните активности предвидуваат и одржување на летна школа на тема недискриминација и општествена вклученост, во кои би учествувале избрани советници од локалните совети, активисти од локални НВО и вработени во локалните самоуправи во општините Струга, Гостивар, Радовиш, Босилово и Чаир.

Проектот беше заокружен со организирање на национална конференција во Скопје, на 28 септември 2009, која финализираше со усвојување на платформа за борба против дискриминацијата и општествената исклученост. 

Copyright © 2010 EvroBalkan