Втор циклус на студии 2012/2013

Византолошки студии. Византолошките студии обезбедуваат широка перспектива и изучување на Византија како милениумски доминантен политички и културен фактор на Балканот и Источниот Медитеран. Комплексот знаења и практики обединет во студиите е фокусиран кон интердисциплинарно истражување на спецификите на византискиот свет, кој како круцијален транзициски линк помеѓу античкиот и модерниот свет, ги детерминирал политичките и културните процеси на Балканот, Европа, како и христијанско-исламскиот ориент. Интердисциплинарниот приод овозможува продлабочено изучување на политичките, историските, културните, философските, социјалните, религиските и визуелните аспекти на еволуирачкиот византиски свет, кој ги надминал културните, географските и хронолошките граници на сопствената егзистенција. Покрај разбирањето на феноменот на Византија, студeнтите ќе се оспособат за осознавање на современите приоди кон апропријацијата на византиското наследство во европската културна историја и во концептуализацијата на европската цивилизација.  

Раководител на студиската програма: 

тел. 02 30 75 570

Координатор на студиската програма: 

 

тел.  02 30 75 570 

Во рамките на студиската програма, свои модули ќе понудат: 

Соработници на студиската програма: 

Наставни програми

Византолошки студии / едногодишни - овде

Византолошки студии / двогодишни- овде


Со завршувањето на последипломските студии, студентите се стекнуваат со научен степен  магистер (м-р) по византолошки студии.

Кариерни можности: Државни и јавни институции, универзитети, научни институти, локална самоуправа, приватен сектор, невладини организации, меѓународни организации, религиски организации, културен менаџмент, заштита и промоција на културно наследство, туризам, музејско кураторство, уметнички галерии, историја, археологија, уметност, библиотекарство, архивистика, образование, истражување, планирање, издаваштво...

 

Опис на предметните програми

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН МЕТОДОЛОШКИ МОДУЛ

- МЕТОДОЛОГИИ И ЕПИСТЕМОЛОГИИ НА ХУМАНИСТИЧКИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ

- КВАЛИТАТИВНИ И КВАНТИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ МЕТОДИ

- АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ТЕОРИСКИ МОДУЛ

- ВОВЕД ВО ВИЗАНТОЛОШКИТЕ СТУДИИ

- ИМПЕРИЈА И ЕКУМЕНА

ИЗБОРНИ МОДУЛИ

- БАЛКАНОТ ВО ВИЗАНТИСКИОТ КОМОНВЕЛТ

- ИМПЕРИЈАЛНА ИДЕОЛОГИЈА И ПОЛИТИЧКА МИСЛА ВО ВИЗАНТИЈА

- ВИЗАНТИСКО ОПШТЕСТВО / ОПШТЕСТВА: ОД ДВОРСКИОТ ЖИВОТ ДО НИСКАТА КЛАСА

- ПОЕТИКАТА НА ВИЗАНТИСКАТА КНИЖЕВНОСТ

- ВИЗАНТИСКА ТЕОЛОГИЈА, ДУХОВНОСТ И РЕЛИГИСКО ДИСИДЕНТСТВО

- РОДОТ ВО ВИЗАНТИЈА

- ВИЗАНТИСКА САКРАЛНА АРХИТЕКТУРА

- ТЕОЛОГИЈА И ПОЛИТИКА: КТИТОРСКИТЕ КОМПОЗИЦИИ ВО ВИЗАНТИСКОТО СЛИКАРСТВО – ИСТОРИСКО, СОЦИЈАЛНО И ЕСТЕТСКО    ЗНАЧЕЊЕ

- ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО: ТЕОРИЈА И ПРАКСА

- ВИЗАНТИСКОТО ГРАДИТЕЛСТВО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НЕГОВА ЗАШТИТА

- ИСТОРИСКИ АСПЕКТИ НА ЦРКОВНОТО ПЕЕЊЕ ОД СЛОВЕНСКО-ВИЗАНТИСКАТА ТРАДИЦИЈА

- ТЕОРИЈА И ПРАКТИКА НА ЦРКОВНОТО ПЕЕЊЕ ОД ВИЗАНТИСКАТА ТРАДИЦИЈА

- АНТИЧКА И ВИЗАНТИСКА ФИЛОСОФИЈА

- СТАРОГРЧКИ ЈАЗИК

Copyright © 2010 EvroBalkan