Јануари 2012

11-01-2012 12:01

SUMMER INSTITUTE FOR SEXUALITIES, CULTURES AND POLITICS

Летниот институт за сексуалности, култури и политика е нов перманентен проект инициран од Одделот за Родови студии при Институтот Евро-Балкан, Скопје, Македонија. Главната цел на Институтот е да обедини млади последипломски студенти, истражувачи, предавачи и активисти од Источна и Западна Европа и да промовира споделена платформа за истражување и трансдисциплинарна теориска рефлексија врз комплексните модуси на испреплетување помеѓу сексуалноста, културата и политиката, со што консеквентно ќе овозможи размена и проблематизација на геополитички детерминираните дискусрси во широкиот спектрум истражувања поврзани со сексуалноста, родовите студии и квир теоријата. Нашата идеја е да креираме услови во кои студенти, професори, истражувачи и активисти ќе се здобијат со можноста да ги доведат под прашање, да ги децентрализираат и демократизираат овие области преку поместувањето на поимот за теориска и геополитичка привилегија честопати имплициран во овие области, и на тој начин  да воведат нови модели за промислување на контекстуално специфични феномени поврзани со сексуалностите, и обратно, да ги обогатат теориските парадигми со контекстуално специфични феномени и истражувања.

Повеќе...

Copyright © 2010 EvroBalkan