Институтот за “ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА И НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ И КОМПЈУТЕРСКИТЕ НАУКИ” цели кон сопствено репозиционирање, програмски и структурно, во научен институт за истражувања од областа на техничките науки и информатичко-комуникациските технологии, кои ќе покриваат широк спектар на дисциплини.Накратко, Институтот за “ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА И НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ И КОМПЈУТЕРСКИТЕ НАУКИ” има намера да ја фокусира својата дејност во полето на научно-истражувачката работа како претежна дејност.Основна цел е да иницира создавање на една приватна установа која преку научно – истражувачки активности и едукација на специјалистички кадри би дал скромен придонес во развојот на дигиталната форензика и информатичко-комуникациска технологија, во едукацијата на потребните специјалистички кадри кои би го приближиле Македонското општество кон групата на општества на знаења.Главна цел на институтот е виталната активност поврзана со постојано истражување во областа на информатичко-комуникациската технологија и нејзината примена.

Главни стратешки цели на Институтот за “ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА И НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ И КОМПЈУТЕРСКИТЕ НАУКИ” се:

Етаблирање на услови за научно-истражувачката дејност во областа на теоријата и истражувачките аспекти на информатиката.
Научно-истражувачки активности во насока на откривање на нови теоретски и практични развојни новости од областа на IT и нејзината практична примена.
Усовршување на стандардите и критериумите во сите сегменти на образовната дејност со цел подобрување на квалитетот.
Едукација на високообразовни кадри од областа на информатичко-комуникациската технологија и анализата на електронскиот криминал.
Соработка со исти или слични центри во поблиското или поширокото опкружување во насока на поврзување на институтот со светскиот развој на IT, односно негова светска афирмација.
Учество во реализација на научно-истражувачки проекти со значење за Република Македонија, нејзиното потесно и пошироко опкружување, особено на проекти значајни и финансирани од Европската Унија: IPA фондови, FP7, Vision 2020.

Со своето дејствување, Институтот ќе овозможи постоење и развивање научно-теориска сцена на истражувачка иновативност која ќе биде привлечна за младиот научен/академски потенцијал на земјата (и регионот). На тој начин, Институтот за ДИГИТАЛНА ФОРЕНЗИКА И НАПРЕДНИ ТЕХНОЛОГИИ ВО ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИТЕ И КОМПЈУТЕРСКИТЕ НАУКИ ќе придонсеува и кон поширокиот реформски процес во образованието и науката, според принципите на болоњскиот процес. Имено, една од конститутивните заложби на Болоњската декларација е поврзувањето на научните истражувања со универзитетската наставна дејност (scholarshipandcurriculumdevelopment), вградување на најновите сознаниа во креирањето на наставата (афирмирајќи го пристапот на критичко промислување).

Copyright © 2010 EvroBalkan