Нема нарачки на вашата картичка

Книга
Мултикултурализам
Автор
Чарлс Тејлор
Издавач
Евро-Балкан Пресс
MKD 200.00

синопсис: МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ
Огледи за политиката на признавање - Чарлс Тејлор Со коментари на К. Ентони
Апаја, Јирген Хабермас, Стивен К. Рокфелер, Мајкл Волзер, Сузан Вулф Уредник и
воведничар: Ејми Гатман Ова второ издание на мошне популарната книга
Мултикултурализам и „Политиката на признавање” собра уште поширок спектар
водечки филозофи и изучувачи на општеството со цел да ја истражат политичката
контроверзија создадена околу мултикултурализмот. Првичното прашање на Чарлс
Тејлор, дали институциите на либералната демократска власт прават простор - или
дали треба да направат простор - за признавање на вредноста на посебните
културни традиции, останува фокусот на оваа расправа. Во ова издание се придружуваат
и Јирген Хабермас, со својот обемен есеј за прашањата на признавањето и
демократската уставна држава, и Ентони Апаја, со коментар за тензиите помеѓу
личните и колективните идентитети, какви што се оние што се обликуваат со
религијата, родот, етницитетот, расата и сексуалноста, и за опасната тенденција
на мултикултурната политика да ги прикрие таквите тензии. Освен овие два
прилога, во ова издание се наоѓаат и коментарите на познатите мислители што се
појавија и во првото издание, кои дополнително го разгледуваат односот на
барањето за признавање со прашањата на мултикултурното образование, феминизмот
и културниот сепаратизам. * * * „Бидејќи има големо влијание - од
универзитетскиот говор за двојазичното образование до причините и ефектите на
политичката коректност - актуелната расправа за мултукултурализмот е суштински
важна за разбирањето на западната академска култура каква што е денес (и каква
што ќе биде во иднина). Оваа книга е скапоцен водич низ комплексностите за кои
станува збор”. Washington Times „Оригинална и значајна книга... Есеите на
Тејлор и другите автори ја издигнуваат дебатата на ново рамниште, обезбедувајќи
и висока морална сериозност, што таа несомнено ја заслужува”. Лоренс Блум,
Boston Review „Книгата е полна со длабочина, интелигенција и (да освежиме еден
старомоден збор) мудрост... Таа е исклучително релевантна за актуелните дебати
за национализмот и неговиот идентитет”. Мајкл Соворд, The Times Higher
Education Supplement „Тејлоровите коментари за мултикултурализмот впечатливо го
демонстрираат неговото умеење за изнаоѓањето деликатна средина помеѓу
неразумните екстреми... Неговиот ракопис овде е јасен, директен и освежувачки
ослободен од филозофскиот жаргон. Исто така, тој е восхитувачки непристрасен”.
Дејвид Мек Кејб, Commonwealth

Copyright © 2010 EvroBalkan