Врз основа на чл. 108, 109 и 110  (Сл. Весник на РМ бр. 35/08, 103/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10, 17/11 и 51/11) од Законот за високото образование УНИВЕРЗИТЕТОТ „ЕВРО-БАЛКАН“ – Скопје објавува,

К О Н К У Р С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И ТРАНСФЕР НА СТУДЕНТИ НА СТУДИИ ОД ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС ЗА АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА

 

I СТУДИИ ОД ПРВ ЦИКЛУС (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ):

Во академската 2017/2018 година на Универзитетот „Евро-Балкан“ Скопје на прв циклус студии ќе се запишат вкупно 200 студенти на следните факултети, односно студиски програми:

Факултет

Школарина

1

Факултет за студии на Југоисточна европа

насока: Политиколошки-социолошки студии на ЈИЕ

400 евра по семестар

 

2

Факултет  за студии на културата

насока: Култура и културен менаџмент

3

Факултет за социјална антропологија

насока: Дигитална хуманистика

4

Висока школа за финансии и банкаратсво

насока: Финансии и банкарство

       

 

 Наставата по сите студиски програми ќе се одвива на македонски јазик, а Студиите на Југоисточна Европа како и Студиите на културата ќе бидат реализирани и на наставен англиски јазик.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

Право на запишување на прв циклус студии на факултетите и високите стручни школи имаат кандидатите: со завршено четиригодишно средно образование (кандидати со завршена државна матура или кандидати кои завршиле во претходните години пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, односно училишна матура) во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука; со положена училишна матура или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование; со завршено високо или вишо образование на сродни факултети или виши школи; со завршено средно образование во странство; со завршено средно образование на странски јазик во РМ и кои полагале меѓународни испити како замена за матура.

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите.

Основен критериум за селекција на кандидатите за запишување на додипломски студии е успехот постигнат во средното образование. Рангирањето на кандидатите го врши конкурсна комисија.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- Пријава (може да ја преземете од www.euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот)- Две фотографии;

- Диплома за завршено средно образование и оригинални свидетелства од сите класови

- Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ)

- Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани;- Добиени сертификати, дипломи, пофалби и сл.

- Доставено уверение и предметна програма за положените испити (за трансфер на студенти други универзитети)

- Државјаните на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странските државјани треба да извршат нострификација на документите во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

Странските државјани при упис поднесуваат и: Сертификат за познавање на македонски јазик А1 и А2 или потврда за уплатени средства за посетување подготвителна настава по македонски јазик како странски (не е потребно доколку се запишат на студии со англиски наставен јазик); лекарско уверение за општата и психофизичката здравствена состојба на апликантот, издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка, (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци;

 

 II СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС (ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ):

Во академската 2017/2018 година на Универзитетот „Евро-Балкан“ Скопје на втор циклус студии ќе се запишат вкупно 210 студенти на следните институти, односно студиски програми:

Институт за општествени и хуманистички истражувања

3+2/4+1

Школарина

- Родови студии

Не/Да

750  евра по семестар

- Студии на ЈИЕ (политички студии)

Не/Да

- Студии на културата

Не/Да

 

 

 

Институт за дигитална форензика

 

 

- Студии по информатика-насока дигитална форензика

Да/Да

750  евра по семестар

- Студии по информатика-е-банкарство

Да/Не

- Студии по информатика-насока архитектура, дизајн и современи информатички комуникациски техмологии

Не/Да

- Студии по информатика-насока компјутерски мрежи, комуникации и софтверско инженерство

Да/Да

 

           

 

 Наставата по сите студиски програми ќе се одвива на македонски јазик, а Студиите на ЈИЕ, Студиите на културата и Родовите студии ќе бидат реализирани и на наставен англиски јазик.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

Право на запишување на студии од втор циклус имаат кандидати (државјани на РМ и странски државјани) што ги исполнуваат следните услови:

- Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од четири години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство и освоени 240 ЕКТС;

- Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од три години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство и освоени 180 ЕКТС;

- Да го познаваат англискиот јазик, за што приложуваат соодветна потврда.

Трансферот на студенти од други домашни или странски универзитети се врши врз основа на доставено уверение и предметна програма за положените испити.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- Две слики и пријава (може да ја преземете од www.euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот)

- Диплома за завршени студии од прв циклус со стекнати 180 односно 240 ЕКТС;

- Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ)

- Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани;

- Потврда за познавање на англиски јазик.

Државјаните на РМ кои студии од прв циклус завршиле во странство, како и странските државјани, треба да извршат нострификација на документите за стекнатото образование во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

 

 I уписен рок: 01.07.2017-15.07.2017

II уписен рок: 15.08.2017-26.08.2017

III уписен рок:

01.09.2017-14.09.2017

 

Документите може да се поднесат лично или по редовна пошта.

За дополнителни информации, www.euba.edu.mk, contact@euba.edu.mk, poslediplomski@euba.edu.mk или на телефон (02) 3075570 .

 

(Други информации за начинот, условите и постапката за аплицирањето при упис на странски државјани, ќе бидат објавени на веб сајтот на www.euba.edu.mk)

 

 

 

 

Врз основа на членовите 121, 124, 125, и 131 од Законот за високото образование и Правилникот за избор во звања на Универзитетот „Евро-Балкан“, за потребите на единиците во состав на Универзитетот - Факултетот за студии на Југоисточна Европа, Факултетот за студии на културата, Факултетот за социјална антропологија, Високата школа за финансии и банкарство, Институтот за општествени и хуманистички истражувања и Институтот за дигитална форензика, распишува:

 

К О Н К У Р С

За избор на наставници и соработници во сите наставно-научни, научни, односно наставнички звања

 

 Се објавува Конкурс за избор на наставници и соработници во сите наставно-научни, односно научни или наставни звања на Универзитетот „Евро-Балкан“- Скопје, и тоа:

 1.         Од научното подрачје општествени науки

  • Политички науки – дваjца наставници и еден асистент докторант
  • Правните науки – тројца наставници
  • Економски науки – пет наставици и двајца асистенти докторанти
  • Организациони науки и управување (менаџмент)-два наставници
  • Социологија – два наставници
  • Антропологија – двајца наставници
  • Етнологија – двајца наставници
  • Безбедност – двајца наставници

2.         Од научното подрачје хуманистички науки

  • Книжевноста – еден наставник и еден асистент докторант
  • Историја на уметноста – двајца наставници
  • Филозофија – двајца наставници
  • Филолошки науки-двајца наставници и еден асистент докторант
    • Историски науки – двајца наставници
    • Музички уметности-двајца наставници
    • Лингвистика, за англиски јазик и турски јазик – еден лектор
    • Лингвистика, за англиски јазик и албански јазик – еден лектор
    • Лингвистика, за англиски јазик и македонски јазик – еден лектор

3. Од научното подрачје техничко-технолошки науки

· Компјутерска техника и информатика – двајца наставници

4. Од научното подрачје природно-математички науки

· Информатика – четворица наставници

Подетални информации за научните области за кои се бираат наставници или соработници, можете да пронајдете на Интернет страната(www.euba.edu.mk)

Услови:

 - Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат условите за избор-реизбор во наставно-научно звање, предвидени со Законот за високото образование.

Потребни документи:

Кандидатите ги доставуваат во оригинал или копии,  заверени на нотар

- Пријава по конкурс

- Кратка биографија  (CV)

- Диплома за стекната научен степен (или магистер) по науки од научната област во која се избира

- Список за објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите)

- Уверение за државјанство или копија од пасош

- Потврда за познавање на англиски јазик

- Наставно-научно звање, со Одлука на компетентен орган- Наставно-научен совет на  високо образовна институција, доколку има

- Листа на положени испити со просек на успех за лица што за прв пат треба да бидат избрани во наставно-научно, научно или наставно звање (доценти)

Доказ за уплатени 3.000 денари за административни трошоци (со назнака за административни трошоци, ж-ска 210053128500186 НЛБ Банка)

 Конкурсот трае 15 (петнаесет) работни дена од денот на објавувањето во дневен печат

Изборот ќе се изврши во рокот предвиден во член 131 од Законот за високото образование (до 6 месеци од објавување на конкурсот).

Пријавите и документацијата по конкурсот кандидатите да ги достават лично или по пошта на адреса бул. Александар Македонски 22, 1000 Скопје.

Информации на тел: (02) 3075570

 

 

SUMMER SCHOOL GLOBAL SECURITY STUDIES

The aim of the Summer School is to provide a better understanding of global security issues on an interdisciplinary scientific basis. The World is facing plenty of challenges in terms of security (international and regional conflicts, terrorism, coups against democracy and freedoms, cyber-crimes, ecological crises, Etc.) Contemporary societies need to analyze security related issues for protecting and improving their peace, prosperity, democracy and future. When we can understand the risks and their influences on our lives we can develop more suitable answers and solutions. For this purpose, Euro-Balkan University is organizing the Summer School on Global Security where selected academics from prestigious institutions, security experts and influential policy-makers will be teaching in a very effective and productive academic environment. An important event not only for the participants of the Southeast Europe region, also for all our participants from rest of Europe, Asia and other parts of the World.

 

The summer school will cover the following topics:

1. “Regional cooperation in a field of security in SEE and Turkey”

Lecturer: Vlado Buckoski Ph.D. Faculty of Law, Skopje, former prime minister, and former minister of defence of Republic of Macedonia

2. “Introduction to Security Studies: ‘Collective and Euroatlantic Security’”

•’NATO in the Post-Cold Era and Challenges Facing NATO in the 21st Century’;

•’Western Balkans Countries and NATO: Serbian Neutrality and NATO’;

• ’The Impacts of the Others Global Security Powers on the Balkan and Europe: China, India, Turkey’.

Lecturer: Jasminka Simić, PhD, Research Fellow, Editor-Journalist in Radio-television of Serbia, Belgrade

3. “Sociology of Security in Global Age

Lecturer: Assoc. Prof. Dr. M. Kubilay Akman, Dept. of Sociology, Uşak University, Turkey

4. “Global Terrorism and Security

Lecturer: Col. (rtd) Burhanettin Şenli

5. “Diversity, tolerance and global security“

Lecturer: Assoc. Prof. Rubin Zemon Ph.D. University Euro-Balkan, Skopje, Macedonia

6. “Biopolitics and Security“

Lecturer: Assoc. Prof. Utku Özmakas, Dept. of Philosophy, Uşak University, Turkey

7. “Religion and Security in the Middle East and Balkans“

Lecturer: Aznavur Demirpolat, PhD, Head of the Middle East Studies, Institute of Social Sciences, Canakkale University (Turkey)

8. “Political aspects of cybersecurity“

Lecturer: Boris Manov Ph.D, Faculty of Philosophy, South-West University Neofil Rilski, Blagoevgrad, Bulgaria


Participation requirements

Undergraduates, postgraduates, and doctoral students and have interest and enthusiasm for the topics.

Participants for the Summer School program will be selected on a competitive basis.

 

Important dates

Application deadline: 31 July 2017

Successful applicants contacted:

Summer school in Ohrid: from 29th August to 3nd September

Upon successful completion of the summer school, participants will receive a certificate of attendance with 3 ECTS points.

 

Cost

Participation fee: EUR 300

This fee covers accommodation and food and working materials

 

Application submission

Applicants should submit, in English:

- CV

- Motivation essay (max 250 words)

This should be submitted via e-mail to summerschool@euba.edu.mk with ‘Summer School Application’ in the subject line.

 

Location and contact information

The location of the Summer school is Hotel Klimetica Ohrid, Republic of Macedonia.

For more information please contact Simona Josifovska at e-mail: simona.josifovska@euba.edu.mk

 

Copyright © 2010 EvroBalkan