ФАКУЛТЕТ ЗА СТУДИИ НА СОЦИЈАЛНАТА АНТРОПОЛОГИЈА

 

Тип на студии: Студии од прв циклус (додипломски)

Години на студирање:  3 (6 семестри)

Број на кредити што се стекнуваат на студиската програма: 180

Звање што се стекнува: Дипломиран/а на социјална антропологија

 

Изучувањето на социјалната антропологија може да се дефинира како изучување на културите и општествата. Преку воведување во централните теми, концепти и методи, студентите добиваат знаење и вештини неопходни за да ја разберат разновидноста на културите во светот. Студиската програма комбинира читање, анализирање на филмови, анализирање на ритуали, предавања и истражувања преку кои ќе бидат разгледувани сложените прашања за основните човечки односи и општествениот живот на човекот. Истовремено, на студентите ќе им бидат претставени и толкувањата на  водечките aнтрополози и највлијателните антрополошки теории.

Со завршување на студиите и одбраната на дипломскиот труд студентите стекнуваат звање  ДИПЛОМИРАН/А НА СОЦИЈАЛНА АНТРОПОЛОГИЈА. Стекнатите знаења овозможуваат широки перспективи за напредување во кариерата и вработување во многу области во кои се бара познавање на различни култури, обичаи, меѓучовечки и меѓукултурни односи, како што се истражувачките оддели на јавниот и независниот сектор, меѓународните организации, областа на образованието, особено областите на културата, како што се музејското кураторство, етничките и културните организации, документаристиката и медиумите. Студентите можат да изберат образованието во истата област да го продолжат и на студиите од втор циклус (последипломски магистерски студии) на Институтот „Евро-Балкан“, кои се во процес на акредитирање.

Студиите на социјалната антропологија се организираат за група од 25 студенти.

Студиски програми и наставен кадар

Конкурс за пријавување на додипломски студии

Пријава за упис на прв циклус на студии.pdf

Пријава за упис на прв циклус на студии.doc

Copyright © 2010 EvroBalkan