ФАКУЛТЕТ ЗА СТУДИИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

 

Тип на студии: Студии од прв циклус (додипломски)

Години на студирање:  3 (6 семестри)

Број на кредити што се стекнуваат на студиската програма: 180

Звање што се стекнува: Дипломиран/а на студии на Југоисточна Европа

 

Студиите на Југоисточна Европа се фокурсираат на прашања од областа на политичките науки, како на пример, на прашањето за сложените односи меѓу државите и заедниците од регионот на Балканот од перспектива на демократијата, безбедноста, релациите на моќ и меѓународните односи. Иако во основата на студиите на Југоисточна Европа се политичките науки, тие истовремено во себе вклучуваат и аспекти од други области на општествените и хуманистички науки, како што се историјата, културните студии, етнологијата и антропологија. Ваквиот интердисциплинарен пристап ги проширува гледиштата на студентите, обезбедувајќи ги со знаење што е потребно да се разберат суштинските аспекти и сложените односи на современите Југоисточно-европски политики.

Со завршување на студиите и одбраната на дипломскиот труд студентите стекнуваат звање  ДИПЛОМИРАН/А НА СТУДИИ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА. Стекнатите знаења овозможуваат широки перспективи за напредување во кариерата и вработување во многу области во кои се бараат широки познавања на регионот, како што се истражувачките оддели на јавниот и независниот сектор, меѓународните организации, областа на образованието, но и владината администрација и политичките структури. Студентите можат да изберат образованието во истата област да го продолжат и на студиите од втор циклус (последипломски магистерски студии) на Институтот „Евро-Балкан“.

Студиите на Југоисточна Европа се организираат за група од 25 студенти.

Студиски програми и наставен кадар

Конкурс за пријавување на додипломски студии

Пријава за упис на прв циклус на студии.pdf

Пријава за упис на прв циклус на студии.doc

Copyright © 2010 EvroBalkan