ФАКУЛТЕТ ЗА СТУДИИ НА КУЛТУРАТА

 

Тип на студии: Студии од прв циклус (додипломски)

Години на студирање:  3 (6 семестри)

Број на кредити што се стекнуваат на студиската програма: 180

Звање што се стекнува: Дипломиран/а на студии за културата

 

Студиите на културата претставуваат академска дисциплина која ги проучува културните феномени во различни општества, користејќи го интердисциплинарниот пристап, односно, во својот приод комбинирајќи ги перспективите на уметноста, политиката, историјата, теоријата на книжевноста, филозофијата... Студиите на културата подлабоко ја анализираат културата и начинот на кој таа се менува во различни општествени состојби, заемните влијанија на културните феномени и различните односи на моќ, преку проучување на нејзините клучни теми – прашањата на идентитетот, на глобализацијата, на културната историја. Иако е осмислена да покрие широко и богато проблемско подрачје, нагласката на оваа студиска програма е ставена на регионот на Југоисточна Европа.

Со завршување на студиите и одбраната на дипломскиот труд студентите стекнуваат звање  ДИПЛОМИРАН/А НА СТУДИИ НА КУЛТУРАТА. Стекнатите знаења овозможуваат широки перспективи за напредување во кариерата и вработување во многу области во кои се бараат широки познавања на културата, како што се медиумите, комуникациите, односите со јавноста, во областа на културното наследство и туризмот, меѓународниот, урбаниот и регионалниот развој, како во јавиот сектор, така и во независните културни и образовни институции и во невладиниот сектор. Студентите можат да изберат образованието во истата област да го продолжат и на студиите од втор циклус (последипломски магистерски студии) на Институтот „Евро-Балкан“.

Студиите на културата се организираат за група од 25 студенти.

Студиски програми и наставен кадар

Конкурс за пријавување на додипломски студии

Пријава за упис на прв циклус на студии.pdf

Пријава за упис на прв циклус на студии.doc

Copyright © 2010 EvroBalkan