04-08-2017 17:54

Интервју со Проф. Кубилај Акман

Професоре Акман, Вие сте еден од предавачите на Летната школа за глобална безбедност, во организација на Универзитетот Евро-Балкан. На што ќе биде ставен главниот акцент во Вашето излагање?

-Безбедноста е општествена институција и треба да се анализира од социолошки аспект. За жал, студиите за безбедност понекогаш го запоставуваат тој општествен аспект на полето на безбедноста. Во моето излагање на Летната школа за глобална безбедност, ќе настојувам главниот акцент да биде ставен на социолошките димензии на безбедносните предизвици во глобалното општество. Всушност, фокусот на излагањето ќе биде во две насоки: теоретски поенти, но поткрепени со практични примери, секако и намеѓусебните односи со други општествени институции. 

Вашата тема е насловена како „Социологија на безбедноста во глобалната ера“ (Sociology of Security in Global Age), а добар познавач сте на актуелните општествено-политички и социјални движења во земјите на Балканот. Колку е можно да се предвидат безбедностите предизвици во динамичната глобализација?

-Балканот има голема важност и значење во општата историја , но и за иднината на човештвото. Во однос на безбедносните предизвици, владите на балканските земји треба да бидат поотворени во разбирањето и проценката на можните ризици и да креираат ефективни одговори. Соработката на земјите од Балканот со Турција е од голема важност за сите страни. Треба да се применат заеднички моќни контрамерки против безбедносните закани.

Како го цените Вашето искуство од досегашната соработка со Универзитетот Евро – Балкан и какви очекувања имате од претстојната Летна школа во Охрид?

-Универзитетот Евро-Балкан има импресивна академска визија и ветувачки научни проекти и активности за Југоисточна Европа. Летната школа за глобална безбедност веќе го има привлечено вниманието на светските академски авторитети од оваа област. Академскиот кадар е со високи професионални квалификации, па верувам дека оваа Школа во иднина природно ќе се развива кон постдипломска програма. 

 

                                                                                                                        (Ј.П.)

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan