18-07-2017 10:42

К О Н К У Р С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И ТРАНСФЕР НА СТУДЕНТИ НА СТУДИИ ОД ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС ЗА АКАДЕМСКАТА 2017/2018 ГОДИНА

 

I СТУДИИ ОД ПРВ ЦИКЛУС (ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ):

Во академската 2017/2018 година на Универзитетот „Евро-Балкан“ Скопје на прв циклус студии ќе се запишат вкупно 200 студенти на следните факултети, односно студиски програми:

Факултет

Школарина

1

Факултет за студии на Југоисточна европа

насока: Политиколошки-социолошки студии на ЈИЕ

400 евра по семестар

 

2

Факултет  за студии на културата

насока: Култура и културен менаџмент

3

Факултет за социјална антропологија

насока: Дигитална хуманистика

4

Висока школа за финансии и банкаратсво

насока: Финансии и банкарство

       

 

 Наставата по сите студиски програми ќе се одвива на македонски јазик, а Студиите на Југоисточна Европа како и Студиите на културата ќе бидат реализирани и на наставен англиски јазик.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

Право на запишување на прв циклус студии на факултетите и високите стручни школи имаат кандидатите: со завршено четиригодишно средно образование (кандидати со завршена државна матура или кандидати кои завршиле во претходните години пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, односно училишна матура) во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука; со положена училишна матура или завршен испит по завршено соодветно стручно средно образование; со завршено високо или вишо образование на сродни факултети или виши школи; со завршено средно образование во странство; со завршено средно образование на странски јазик во РМ и кои полагале меѓународни испити како замена за матура.

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите.

Основен критериум за селекција на кандидатите за запишување на додипломски студии е успехот постигнат во средното образование. Рангирањето на кандидатите го врши конкурсна комисија.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- Пријава (може да ја преземете од www.euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот)- Две фотографии;

- Диплома за завршено средно образование и оригинални свидетелства од сите класови

- Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ)

- Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани;- Добиени сертификати, дипломи, пофалби и сл.

- Доставено уверение и предметна програма за положените испити (за трансфер на студенти други универзитети)

- Државјаните на РМ кои средно образование завршиле во странство, како и странските државјани треба да извршат нострификација на документите во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

Странските државјани при упис поднесуваат и: Сертификат за познавање на македонски јазик А1 и А2 или потврда за уплатени средства за посетување подготвителна настава по македонски јазик како странски (не е потребно доколку се запишат на студии со англиски наставен јазик); лекарско уверение за општата и психофизичката здравствена состојба на апликантот, издадено од овластено медицинско лице преведена на македонски јазик и со уредна нотарска заверка, (HIV и HEPATITIS C статус) не постара од 6 месеци;

 

 II СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС (ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ):

Во академската 2017/2018 година на Универзитетот „Евро-Балкан“ Скопје на втор циклус студии ќе се запишат вкупно 210 студенти на следните институти, односно студиски програми:

Институт за општествени и хуманистички истражувања

3+2/4+1

Школарина

- Родови студии

Не/Да

750  евра по семестар

- Студии на ЈИЕ (политички студии)

Не/Да

- Студии на културата

Не/Да

 

 

 

Институт за дигитална форензика

 

 

- Студии по информатика-насока дигитална форензика

Да/Да

750  евра по семестар

- Студии по информатика-е-банкарство

Да/Не

- Студии по информатика-насока архитектура, дизајн и современи информатички комуникациски техмологии

Не/Да

- Студии по информатика-насока компјутерски мрежи, комуникации и софтверско инженерство

Да/Да

 

           

 

 Наставата по сите студиски програми ќе се одвива на македонски јазик, а Студиите на ЈИЕ, Студиите на културата и Родовите студии ќе бидат реализирани и на наставен англиски јазик.

УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ:

Право на запишување на студии од втор циклус имаат кандидати (државјани на РМ и странски државјани) што ги исполнуваат следните услови:

- Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од четири години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство и освоени 240 ЕКТС;

- Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од три години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство и освоени 180 ЕКТС;

- Да го познаваат англискиот јазик, за што приложуваат соодветна потврда.

Трансферот на студенти од други домашни или странски универзитети се врши врз основа на доставено уверение и предметна програма за положените испити.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

- Две слики и пријава (може да ја преземете од www.euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот)

- Диплома за завршени студии од прв циклус со стекнати 180 односно 240 ЕКТС;

- Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ)

- Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани;

- Потврда за познавање на англиски јазик.

Државјаните на РМ кои студии од прв циклус завршиле во странство, како и странските државјани, треба да извршат нострификација на документите за стекнатото образование во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

 

 

I уписен рок: 01.07.2017-15.07.2017

II уписен рок: 15.08.2017-26.08.2017

III уписен рок:

01.09.2017-14.09.2017

 

Документите може да се поднесат лично или по редовна пошта.

За дополнителни информации, www.euba.edu.mk, contact@euba.edu.mk, poslediplomski@euba.edu.mk или на телефон (02) 3075570 .

 

(Други информации за начинот, условите и постапката за аплицирањето при упис на странски државјани, ќе бидат објавени на веб сајтот на www.euba.edu.mk)

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan