27-09-2016 10:12

К О Н К У Р С ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И ТРАНСФЕР НА СТУДЕНТИ НА СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ЗА АКАДЕМСКАТА 2016/2017 ГОДИНА

Врз основа на чл. 108, 109 и 110 од Законот за високото образование (Сл. Весник на РМ бр. 35/08, 103/08, 26/09, 83/09, 99/09, 115/10, 17/11, 51/11, 15/13 и 24/13),  Универзитетот „Евро-Балкан“ – Скопје објавува

К О Н К У Р С

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И ТРАНСФЕР НА СТУДЕНТИ НА СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ЗА АКАДЕМСКАТА 2016/2017 ГОДИНА

 

СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС (ПОСЛЕДИПЛОМСКИ СТУДИИ):

Пријавен лист за последипломски студии за учебната 2016/2017

Во академската 2016/2017 година на Универзитетот „Евро-Балкан“ Скопје на втор циклус студии ќе се запишат вкупно 215 студенти на следните институти, односно студиски програми:

Институт за општествени и хуманистички истражувања

3+2/4+1

 Школарина

- Студии на ЈИЕ (политички студии)

Да/Да

 

 

 

 

1000 евра/годишно за плаќање на една рата

 

1200 евра/годишно за плаќање на две рати

1500 евра/годишно за плаќање на три рати

 

- Студии на културата

Не/Да

- Родови студии

Не/Да

- Византолошки студии

Не/Да

- Студии по културна антропологија и археологија


Да/Да

- Правни науки - правосудство*

Не/Да

Институт за дигитална форензика

 

- Студии по информатика - насока дигитална форензика

Да/Да

- Студии по информатика - насока е-банкарство

Да/Не

- Студии по информатика - насока компјутерски мрежи, комуникации и софтверско инженерство

Да/Да

- Студии по информатика-насока архитектура, дизајн и современи информатички комуникациски техмологии

Не/Да

Наставата по сите студиски програми ќе се одвива на македонски јазик, а Студиите на Југоисточна Европа, Студиите на културата, Византолошките студии и Родовите студии ќе бидат реализирани и на наставен англиски јазик.

Услови за запишување:

Право на запишување на студии од втор циклус имаат кандидати (државјани на РМ и странски државјани) што ги исполнуваат следните услови:

- Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од четири години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство и освоени 240 ЕКТС;

- Да имаат завршено универзитетски студии од прв циклус, во траење од три години на акредитирани универзитети, односно факултети во РМ или во странство и освоени 180 ЕКТС;

- Да го познаваат англискиот јазик, за што приложуваат соодветна потврда.

Трансферот на студенти од други домашни или странски универзитети се врши врз основа на доставено уверение и предметна програма за положените испити.

Потребни документи:

- Две слики и пријава (може да ја преземете од www. euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот)

- Диплома за завршени студии од прв циклус со стекнати 180 односно 240 ЕКТС;

- Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ)

- Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани;

- Потврда за познавање на англиски јазик.

Државјаните на РМ кои студии од прв циклус завршиле во странство, како и странските државјани, треба да извршат нострификација на документите за стекнатото образование во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.

 

 УПИСЕН РОК

 

 

Пријавување на кандидатите

30.09.2016

 

 

Објавување прелиминарна листа 

02.10.2016

 

 

Објавување решение за прием на кандидатите

 

 

 

Запишување на кандидатите

03.10.2016


 

Документите може да се поднесат лично или по редовна пошта. 
За дополнителни информации, www.euba.edu.mk , contact@euba.edu.mk,poslediplomski@euba.edu.mk или на телефон (02) 3075570 

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan