29-12-2017 09:45

КОНКУРС за избор на наствници во сите наставно-научни, научни, односно наставнички звања

Врз основа на членовите 121, 124, 125 и 131 од Законот за високото образование и Правилникот за избор во звања на Универзитетот „Евро-Балкан“, за потребите на единиците во состав на Универзитетот – Факултетот за студии на Југоисточна Европа, Факултетот за студии на културата, Факултетот за социјална антропологија, Високата школа за финансии и банкарство, Институтот за општествени и хуманистички истажувања и Институтот за дигитална форензика, распишува:

 

КОНКУРС 

За избор на наствници во сите наставно-научни, научни, односно наставнички звања, и тоа:

 

1. Од научното подрачје општествени науки

  • Политички науки – 5 (пет) наставници
  • Организациони науки и управување (менаџмет) – 3 (тројца) наставници

2. Од научното подрачје хуманистички науки

  • Историски науки – 2 (двајца) наставници

3. Од научното подрачје техничко-технолошки науки

  • Компјутерска техника и информатика – 2 (двајца) наставници

4. Од научното подрачје природно-математички науки

  • Информатика – 2 (двајца) наставници

Услови

                Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат условите за избор-реизбор во наставно-научно звање, предвидени со Законот за високото образование.

Потребни документи

                Кандидатите ги доставуваат во оригинал или копии-заверени на нотар, следниве документи:

- Пријава по конкурс

- Кратка биографија (CV)

- Диплома за стекнат научен степен по науки од научната област во која се избира

- Список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите)

- Уверение за државјанство или копија од пасош

- Потврда за познавање на англиски јазик

-Наставно-научно звање, со Одлука на компетентен орган – Наставно- научен совет на високообразовна институцијиа, доколку има

-Листа на положени испити со просек на успех за лица што за прв пат треба да бидат избрани во наставно-научно, научно или наставно звање (доценти)

-Доказ за уплатени 3000 денари за административни трошоци (со назнака за административни трошоци, ж-ска 210053128500186 НЛБ Банка


Конкурсот е објавен во дневниот весник „Нова Македонија“ на ден 29 декември 2017 година  

 Конкурсот трае 15 (петнаесет) работни денови од денот на објавувањето во дневен печат

 


ПРАВИЛНИКОТ за критериумите и постапката за избор во звања можете да го најдете ТУКА.

ТАБЕЛАТА за бодување можете да ја најдете ТУКА.

Изборот ќе се изврши во рокот предвиден со член 131 од Законот за високото образование (до 6 месеци од објавувањето на конкурсот).

Пријавите и документацијата по конкурстот кандидатите да ги достават лично или по пошта на бул. Александар Македонски 22, 1000 Скопје. Подетални информации за научните области за кои се бираат наставници, можете да пронајдете на Интернет страната - www.euba.edu.mk .

Информации на тел: (02) 307 55 70 или на contact@euba.edu.mk

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan