20-07-2017 09:44

Летна школа за едукација на PR менаџери, PR стратези

Институтот за општетствени и хуманистички истражувања при Универзитетот „Евро-Балкан“, Скопје  

Објавува повик за апликација за:

Летна школа за едукација на PR менаџери, PR стратези со посебен осврт на усовршување на реторичките и комуниколошките вештини.

 

Која ќе се одржи во Охрид во период од 18.08-20.08.2017

 

Предавачи на Институтот:

Влатко Чаловски

Симона Ристевска

Никола Здравковиќ

 

Курсеви во рамки на Летната школа:

-место и улогата на невербалната и вербална комуникација,

-индивидуалните психофизички особини на учесниците во политичкиот живот како основа за градење на PR
стратегија,

- позитивните и негатините ефекти на политичката пропаганда како репер за одредување на PR
 стратегијата ,

- артизмот како погодна алатка за пренесување на пораки во насока на креирање на општествената свест.

 

Услови за учество:

Учесниците на летната школа можат да бидат сите студенти на правни, политички, економски, комуниколошки, новинарски студии, како и магистранти и доктори на науки од истите научни области. Летната школа исто така е отворена и за членовите на младинските оргаизации на политичките партии, како и членови на невладини организации кои се заинтересирани за проблематиката која ја разработува Иститутот.

Форматот на Летната школа:

Преку предавања и мастер часови, групни работилници, панел дискусии, презентаци како и практични сесии.

Опис на Летната школа:

Летната школа за едукација на PR менаџери, PR стратези со посебен осврт на усовршување на реторичките и комуниколошките вештини има за цел да го пополни празниот простор кој е евидентен помеѓу теоријата и праксата, во процесот на едукација на лица кои се занимаваат со созадавње на PR стратегијата и менаџирање со истата. Особено оваа појава се гледа на ниво на студентската и партиската младина, кои се иден креативен потенцијал во општествениот, политичкиот и јавниот живот.

 

Партиципација за учество: 120 евра

Партиципацијата за учество на летната школа го покрива обезбедувањето на студиските материјали поврзани со понудените курсеви. Цена на престој на база на полн пансион (со две ноќевања), без пресметани патни трошоци. Сите учесници по завршувањето на летната школа ќе им бидат доделени сертификати за успешно завршена обука.

 

Краен рок за пријавување: 15.8.2017

 

За детален преглед на  програмата видете овде.

 

Апликација за пријавување овде.

 

Ве молиме сите апликации доставувајте ги на contact@euba.edu.mk, summerschool@euba.edu.mk

Координатори на Летната школа:

Симона Јосифовска
Игор Панев

Контакт:
Универзитет „Евро-Балкан“
Бул. Александар Македонски 22, 1000 Скопје, Р. Македонија
Тел/Факс. 2 30 75 570
Email: contact@euba.edu.mk
www.euba.edu.mk

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan