06-07-2017 11:58

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЛЕТНА ШКОЛА на тема: “СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ ОД ОБЛАСТА НА ДИГИТАЛНАТА ФОРЕНЗИКА И БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИСКИТЕ СИСТЕМИ ”

Целта на курсот е посетителите да стекнат основни знаења кои ќе можат да го применат во пракса во врска со функционирањето на компјутерите и мрежите, затоа што е компјутерски криминал, законодавството за компјутерскиот криминал, јурисдикцијата, истражните средства и електронски докази, но и за меѓународната соработка.

Услови за пријавување:

На летната школа може да се пријават:

- вработени во правосудството, обвинителството, министерство за внатрешни работи, министерство за одбрана,

- адвокати, ревизори, вештаци

- Студенти на прв, втор и трет циклус на студии на државните и приватни факултети за безбедност, правни науки, економски науки, информатички и компјутерски науки, воена академија,

- сите заинтерсирани поединци кои сакаат да стекнат знаење од наведената област

 

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани може да се пријават преку пополнување на Пријава за учество, достапна на следниот линк:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf2Yplx2J2pkLYLlGTj-BeYp2RD6WSfJoIHyWVxoDGDQC7o_Q/viewform?c=0&w=1

Вкупно ќе се изберат 30 учесници врз компетитивна база.

По успешното завршување на летната школа учесниците ќе добијат сертификат за учество.

Важни датуми:

Краен рок за пријавување: 10.08.2017 год.

Летната школа ќе се одржи: од 22 до 25 август 2017 год.

 

Трошоци:

Котизација за учество, сместување и храна на учесниците изнесува 300 евра во денарска противвредност.

Само котизација без сместување изнесува 220 евра во денарска противвредност.

 

Локација и контакт информации:

Летната школа ќе се одржи во Хотел „Климетица“ Охрид.

Лице за контакт:

Игор Панев, е-mail: igor.panev@gmail.com

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan