30-06-2017 18:39

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЛЕТНА ШКОЛА на тема:

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ

ЛЕТНА ШКОЛА

на тема:

ПОДИГАЊЕ НА ЧОВЕЧКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ЕФИКАСНО ОСТВАРУВАЊЕ И ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ЗАЕДНИЦИТЕ

 

Охрид, 20- 23 август 2017 година

 

Универзитетот „Евро-Балкан“ Скопје и Асоцијацијата за демократски иницијативи АДИ со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје распишуваат повик за учество на летната школа Подигање на човечките капацитети за ефикасно остварување и заштита на правата на заедниците, која ќе се одржи од 20 до 23 август 2017 год. во хотел „Климетица“, Охрид.

Главна цел на школата е да се зголеми знаењето на студентите во областа на заштитата на човековите права и правата на заедниците како и нивно обучување за справување со предизвиците и ефективното учество на припадниците на заедниците во јавниот живот. Школата воедно се стреми да се унапреди почитувањето на човековите права, особено заштитата на заедницитево практика, со зајакнување на човековитекапацитети, преку:

  • Зајакнување на соодветнатаимплементација на релеватнитенационалнилегислативи и промоција на добрите практики, во склоп со релеватнитеевропскистандарди,
  • Развој на функционалнанационална мрежа на релевантнинационални тела, невладини организации, академскатазаедница и размена на најдобрите практики во полето на заштитата на заедниците,
  • Промоција на НВО најдобри практики во полето на заштитата на заедниците,
  • Воспоставување на „watchdog” механизам за заштита на правата за заедниците.

Услови за пријавување:

На летната школа може да се пријават:

-Студенти на прв, втор и трет циклус на студии на државните и приватни правни факултети во државата,

- НВО/младински активисти од областа на заштитата и промоцијата на човековите и малцинските права.

 

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани може да се пријават преку пополнување на Пријава за учество, достапна на следниот линк: https://goo.gl/forms/VbvrC0Sj48np5SVj1

Вкупно ќе се изберат 30 учесници врз компетитивна база.

По успешното завршување на летната школа учесниците ќе добијат сертификат за учество.

Студентите ќе добијат и 2 ЕКТС кредити.

Важни датуми:

Краен рок за пријавување: 17.07.2017 год.

Летната школа ќе се одржи: од 20 до 23 август 2017 год.

Трошоци:

Трошоците за транспорт, сместување и храна за учесниците, како и трошоците за работните материјали ги сносат организаторите на летната школа.

Локација и контакт информации:

Летната школа ќе се одржи во Хотел „Климетица“ Охрид.

 

Лице за контакт:

Симона Јосифовска, е-mail: simona.josifovska@euba.edu.mk

Назад

Copyright © 2010 EvroBalkan