Втор циклус на студии 2013/2014

Архитектура, дизајн и современи информатичко комуникациски технологии.

Глобализацијата како светски феномен не ја одмина ни науката. Таа ги направи научните дисциплини испреплетени и зависни една од друга. Денес, било која научна дисциплина сама за себе не може да функционира и да го дава ефектот кој се бара од неа. Со други зборови останува на занаетско рамниште. Истата судбина ја имаат и архитектурата, дизајнот и ихформатичко-комуникациските технологии. Сами за себе немаат ни 50 % од вистинското значење.

Одговор на овие предизвици дава Институтот за дигитална форензика и напредни технологии во телекомуникациите и компјутерските науки во рамките на Втор циклус на студии насока Архитектура, дизајн и современи информатичко комуникациски технологии.

Овие студии се комбинација на архитектура и дизајн со примена на современи информатичко комуникациски технологии. Студентите се специјализираат од областа на aрхитектурата и дизајнот, но и од областа на примената на современите информациски технологии во архитектурата и дизајнот.

Оваа насока ја воведовме поради една затоа што архитектите и дизајнерите без специјализирани познавања на информациско-комуникациски технологии се хендикипирани и осудени на неуспех во кариерата.

На Универзитетот „Евро-Балкан“ насоката Архитектура, дизајн и современи информатичко комуникациски технологии е единствена насока од таков вид во Република Македонија.

Студентите ќе имаат прилика практично да ги усовршуваат своите знаења на некоја од институциите со кои Универзитетот има склучено договор или да соработуваат на некој истражувачки проект.

Раководител на студиската програма: доц. д-р.Мимоза Клековска

Во рамките на студиската програма, предавања ќе изведуваат: проф.д-р Јован Пехчевски,  проф. Д-р Мирче Кокалевски, доц. д-р Сашо Гелев, доц. д-р Мимоза Клековска, , доц. д-р Александар Колекески, лектор Зорица Каевиќ и други. 

Наставна програма овде

Со завршувањето на вториот циклус на  студии, студентите се стекнуваат со научен степен  магистер (м-р) по информатика во областа на „ Aрхитектура, дизајн и современи информатичко-комуникациски технологии“.

Кариерни можности:. Истражувачките оддели на јавниот и независниот сектор, институции кои се занимаваат со архитектура и дизајн, проектантски бироа, градежни и архитектонски институции итн. Широк е спектарот на работни места на кои може да се вработи еден магистер од областа на „Архитектура, дизајн и современи информатичко-комуникациски технологии“

Опис на предметните програми:

Архитектонски дизајн и ИКТ
Ентериер на деловни и образовни објекти
Графика на книги, издаваштво и илустрации
Индустриски дизајн и ИКТ
Квалитативни и квантитативни истражувачки методи
Мебел на станбен простор
Мултимедија, анимација, виртуелна реалност
Проектен менаџмент
Урбана култура и архитектонски простор
Урбана легислатива

Copyright © 2010 EvroBalkan