Втор циклус на студии 2013/2014

Е-банкарство.

Глобализацијата како светски феномен не ја одмина ни науката. Таа ги направи научните дисциплини испреплетени и зависни една од друга. Денес, било која научна дисциплина сама за себе не може да функционира и да го дава ефектот кој се бара од неа. Со други зборови останува на занаетско рамниште. Истата судбина ја имаат и банкарското и финансиско работење и информатичко-комуникациските технологии. Сами за себе немаат ни 50 % од вистинското значење

Одговор на овие предизвици дава Институтот за дигитална форензика и напредни технологии во телекомуникациите и компјутерските науки во рамките на Втор циклус на студии насока Е-банкарство.

Електронското банкарство претставува техника на извршување на банкарските работи, односно начин на испорака на банкарските производи. Според тоа, техниката на испорака на банкарските производи е она што ги раздвојува електронското и традиционалното банкарство.

Студиите по е-банкарство се модерни, перспективни студии, чија иднина допрва доаѓа. Е-банкарството е сегашност и иднина во банкарството и финансиското работење. Во Република Македонија можат да се набројат на прсти специјалисти за  електронско банкарство.

На Универзитетот „Евро-Балкан“ насоката е-банкарство е единствена насока од таков вид во Република Македонија.

Студентите ќе имаат прилика практично да ги усовршуваат своите знаења на некоја од институциите со кои Универзитетот има склучено договор или да соработуваат на некој истражувачки проект.

Раководител на студиската програма: проф. д-р Павлина Стојанова

Во рамките на студиската програма, предавања ќе изведуваат: проф. д-р Здравко Стојаноски, проф.д-р Јован Пехчевски,  проф. д-р Тони Стојановски, проф.  д-р Павлина Стојанова. Проф. д-р Томислав Џеков, проф. д-р Биљана Јанева, доц. д-р Сашо Гелев, доц. д-р Вангел Ноневски и други.

Наставна програма овде

Со завршувањето на вториот циклус на  студии, студентите се стекнуваат со научен степен  магистер (м-р) по информатика во областа на е-банкарство.

Кариерни можности: Лепезата на вработување на магистри од областа на електронско банкарство е широка. Државни и јавни институции, универзитети, научни институти, банки, финансиски институции, стопански корпорации кои имаат развиен ИТ сектор, образование итн.

Опис на предметните програми:

Банкарски информативни програми
Банкарски менаџмент
Банкарски производи
Безбедност на информациони системи
Е-банкарство и платен промет
Е-бизнис
Е-маркетинг
Е-трговија
Информатизација на претпријатието
Интернет технологии
Компјутерска етика
Квалитативни и квантитативни истражувачки методи
Проектен менаџмент
Ризици како компоненти на банкарско дејствување
Теорија на одлучување

Copyright © 2010 EvroBalkan