Конкурс за запишување на последипломски студии 2012/2013

Институтот „Евро-Балкан“ распишува конкурс за прием на студенти на последипломски студии од следниве студиски програми:
Родови студии (философија на родот и социологија на род)
Студии на Југоисточна Европа
Студии на културата
Византолошки студии

Институтот „Евро-Балкан“ е научна установа запишана во регистарот на научни установи што ги води Министерството за образование и наука и е акредитиран за вршење настава за последипломски студии од областа на родовите студии (философија на родот и социологија на род), последипломски студии на Југоисточна Европа, последипломски културни студии и последипломски византолошки студии.
Студиите се организирани во согласност со европскиот систем за пренесување кредити (ECTS), што овозможува едноставни процедури за вреднување и признавање на дипломите во странство.  Институтот е член на европскиот универзитетски чартер Еразмус, што на студентите им нуди можност за кратки студиски престои на европскитеуниверзитети.
Студентите имаат пристап до богата библиотека која се обновува двапати годишно и им овозможува да бидат во тек со најсовремените дела и автори.
Од кандидатите се очекува да имаат одлично познавање на англискиот јазик.
Потребни документи за упис:
Кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- Пријава (може да ја преземете од www. euba.edu.mk или во просториите на Универзитетот)
- Диплома за завршени студии од прв циклус со стекнати 180 односно 240 ЕКТС;
- Добиени сертификати, дипломи, пофалби и сл.
- Извод од матичната книга на родените (за државјани на РМ)
- Доказ за државјанство на РМ, односно нотарски заверена копија од пасош за странски државјани;
- Потврда за познавање на англиски јазик.
Државјаните на РМ кои студии од прв циклус завршиле во странство, како и странските државјани, треба да извршат нострификација на документите за стекнатото образование во Министерството за образование и наука на РМ или да достават доказ дека поднеле документи за нострификација.
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
- Две фотографии;
- Доказ за уплатени средства за студирање.

Уписот трае до 15 октомври 2012 година.

Школарината за последипломските студии изнесува:

Модел 1: 3+2 (последипломските студии траат 2 години, односно 4 семестри) -  2150 Евра

Модел 2: 4+1(последипломските студии траат 1 година, односно 2 семестри) - 1350 Евра


Пријава за упис на втор циклус на студии.doc
Пријава за упис на втор циклус на студии.pdf

Документите може да се поднесат лично или по редовна пошта на адреса: Бул. „Партизански одреди“ бр. 63,1000 Скопје.
Пријавата може да се поднесе и по електронска пошта на: poslediplomski@euba.edu.mk, но мора да биде придружена и со отпечатена и потпишана верзија во моментот кога се извршува уписот.
За дополнителни информации, посетете ја интернет страната на Институтот (www.euba.edu.mk) или обратете се на телефоните 02.3075570 (лок. 115) и 02.3090731(лок. 104).
Лица за контакт:
Драгана Каровска Чемерска
Ивана Крајчиновиќ.

Наставно-научен и соработнички кадар

Школарина

Можности за стипендирање

Наставни програми

Модели на студирање (траење на студиите) и план на работа

Начин на организирање на наставата

Начин на оценување

Стручен назив со кој се стекнуваат студентите

УПАТСТВО за студирање на втор циклус на студии на Институтот „Евро-Балкан“

ПРАВИЛНИК за начинот и постапката за организирање на студии од втор циклус и стекнување со научен назив магистер на науки

Copyright © 2010 EvroBalkan