Втор циклус на студии 2012/2013

Студии на културата. Студиите на културата ги проучуваат културните феномени во различните општества, и се втемелени на интердисциплинарен пристап, кој комбинира критичка теорија, социологија, културна географија, литерарна теорија, политичка економија, комуникологија, теорија на медиумите, социјална теорија, културна антропологија, филозофија, музејски студии, историја и критика на уметноста. Студиите се занимаваат со односот на културните форми и облиците на моќта, проучувајќи ги актуелните промени во културата кои произлегуваат од различните социјални условености и спротиставените комуникациски стратегии и модели на репрезентација. Посебен фокус е даден на изучувањето на културните феномени во контекстот на Југоисточна Европа, што обезбедува ситуирано и контекстуално сензитивно знаење кое ги преиспитува, од локална перспектива, доминантните модели на знаења и теории. На студентите им се обезбедува меѓународна перспектива и изучување како на високата, така и на популарната култура.

Раководител на студиската програма: 

apostolovaivanka@gmail.com

тел. 02 30 75 570 

Координатор на студиската програма: 

 

 

Во рамките на студиската програма, свои модули ќе понудат:


Соработници на студиската програма:


Со завршувањето на последипломските студии, студентите се стекнуваат со научен степен  магистер (м-р) по студии на културата.

Кариерни можности:  Државни и јавни институции, универзитети, научни институти, локална самоуправа, приватен сектор, невладини организации, меѓународни организации, комуникации, односи со јавност, човечки ресурси, туризам, новинарство, медиуми, маркетинг, културно наследство, уметност, уметнички галерии, театар, историја, образование, менаџмент, планирање, издаваштво...

Листа на модули

Културни студии / едногодишни - овде

Културни студии / двогодишни- овде

Опис на предметните програми

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН МЕТОДОЛОШКИ МОДУЛ

- МЕТОДОЛОГИИ И ЕПИСТЕМОЛОГИИ НА ХУМАНИСТИЧКИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ НАУКИ

- КВАЛИТАТИВНИ И КВАНТИТАТИВНИ ИСТРАЖУВАЧКИ МЕТОДИ

- АКАДЕМСКО ПИШУВАЊЕ

ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ТЕОРИСКИ МОДУЛ

- СОВРЕМЕНИ ТЕОРИИ НА КУЛТУРАТА

- СТУДИИ НА МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ И БИОПОЛИТИКА

 

ИЗБОРНИ МОДУЛИ  

-НОВИ МЕДИУМИ И КОМУНИКАЦИИ

- КУЛТУРНА АНТРОПОЛОГИЈА

- ПОСТКОЛОНИЈАЛНИ ТЕОРИИ: преведување на идентитетите и разликите

- УРБАНА КУЛТУРА И АРХИТЕКТОНСКИОТ ПРОСТОР

- СОВРЕМЕНИ ВИЗУЕЛНО-КУРАТОРСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

- ЖЕНСКО ЧИТАЊЕ/ФИГУРИ НА ДРУГОСТА

- АНТРОПОЛОГИЈА НА СЕКОЈДНЕВНИОТ ЖИВОТ

- ТЕЛОТО, РОДОТ И КУЛТУРАТА

- ХОЛОКАУСТОТ И ТЕОРИСКИТЕ ДИСКУРСИ

- ПОПУЛАРНА КУЛТУРА

- РЕЛИГИЈА И РОД

- ЕТНИЦИТЕТ, МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ И ГЛОБАЛИЗАЦИЈА: БАЛКАНСКИ КОНТЕКСТ

Copyright © 2010 EvroBalkan