Универзитет „Евро-Балкан“ во соработка со реномираниот дизајнерски тим Никола Ефтимов и Александра Јовановска, ви нудат единствена можност да бидете дел од специјализираните курсеви за моден дизајн, кои ќе ви овозможат совладување на тајните на модните категории, методологијата на дизајнирање на колекции и техниките на изведба на облека и модни додатоци.

За време на наставата ќе се запознаете со следните содржини:
- методи на дизајнирање на колекции што припаѓаат на различни категории на облека,
- изработка на модни книги за презентирање на дизајнерските проекти
- модна илустрација
- текстилна технологија
- текстилен дизајн
- вовед во историјата на модната фотографија
- вовед во историјата на костимот и модата
- техники на изведба на облеката
- методи на дизајнирање на аксесоари за облека
- технологија на изработка на аксесоари

По совладувањето на образовната програма Моден дизајн студентите ќе можат да проектираат различни типови на колекција на облека и на модни додатоци, да презентираат дизајнерска работа во професионални книги, да изработуваат стајлинг за модна презентација, да изработуваат дизајни на ткаенина, да изработуваат модни илустрации, да прават технички цртежи, да прават основни кроеви за облека. Студентите ќе бидат оспособени за самостојна и тимска дизајнерска работа.

Наставата се одвива во целосно опремено ателје за моден дизајн и работилница за изготвување на модните креации.
Вкупното времетраење на образовната програма Моден дизајн изнесува 52 училишни часа, со кое е опфатено и времето за практична настава и изработка на сопствена колекција. По потреба модното ателје ќе биде на располагање на студентите и вон определеното време, за доизработка на индивидуалните проекти.
На крајот на курсот, за најдобро изработените модели, предвидена е презентација на некоја од модните манифестации во Скопје или презентација на некој од модните сајтови.
По успешно завршување на курсот, на студентите им се издава сертификат за завршен курс.

Курсот трае 52 часа x 45 минути
Цената на курсот е 20.800 денари.(со можност за плаќање на 3 рати)

За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113

- Програмата за курсот по Моден дизајн можете да ја превземете овде - Наставна програма

- Апликација за пријавување на курсот можете да преземете овде Апликација за пријавување и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan