Сакате да станете видео монтажер? Да стекнете практични знаења за една од најбараните професии во Македонија? Сакате да научите како правилно да монтирате и режирате снимени материјали, како се прават атрактивни тв реклами, видео спотови?

Универзитет „Евро-Балкан“ во соработка со реномираната ТВ продукција „Томато“ ви нуди единствена можност да бидете дел од една интересна и практична обука. За најдобрите учесници во курсот, Томато продукција нуди можности за волонтирање, напредување и идно вработување.

За време на наставата ќе се запознаете со следните содржини:
-теорија и историја на филмската и тв монтажа и постпродукција
-запознавање со и употреба на компјутерски програми за монтажа и обработка на слика и тон, како Adobe Premier и Final Cut
-методи на имплементирање на монтажните постапки како семантички основи за филмска и тв постпродукција
-технологија на изработка на филмски и тв проекти

Ќе навлезете во малите тајни на големите филмски автори кои низ пораките и ритамот на монтажата означиле период од вашиот живот.

По совладувањето на образовната програма Монтажер на слика и тон ќе можете активно да се вклучите во процесот на монтажа во телевизиска куќа или продукција како активен самостоен или тимски учесник во создавањето на програмски целини или проекти. Ќе можете самостојно да изработувате проекти и дизајнирате комплексни синкретички продукти на атрактивната седма уметност. Ќе можете да изработувате музички спотови и рекламни клипови со соодветни програми за обработка на фотографија, текст, подвижна слика, тон и музика. Истовремено истите ќе можете форматно да ги конвертирате за аплицирање во мрежни комуникациони системи.

Во наставата се користат најсовремени технички средства. Практичниот дел од обуката се извршува на актуелни проекти на Томато Продукција.

По успешното завршување на курсот, на студентите им се издава сертификат за завршен курс.
Услов за запишување на образовната програма Монтажер на слика и тон е завршено средно образование и базично познавање и работа со компјутер.

Курсот трае 26 часа x 45 минути
Цената на курсот е 10.800 денари.(со можност за плаќање на 2 рати)

За повеќе информации контактирајте не на cov@euba.edu.mk и на тел. 02 3075 570 лок.113

- Програмата за курсот по Монтажа на слика и тон можете да ја превземете овде

- Апликација за пријавување на курсот можете да преземете овде Апликација за пријавување  и пополнета да ја испратите на cov@euba.edu.mk

Copyright © 2010 EvroBalkan